21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп: Нашите лидери се глупави, Путин ги надмудри сите

Трамп: Нашите лидери се глупави, Путин ги надмудри сите

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повтори дека го пофалил Владимир Путин, кого го нарекол „паметен“, бидејќи ги надмудрил светските лидери, додека американските лидери ги нарекол „глупави“, пренесува Ројтерс.

Додека другите светски лидери се обединети во осудувањето на рускиот претседател за неговата инвазија на Украина и најавувањето на воведување сеопфатни санкции против неговата влада и сојузничките олигарси, Трамп се однесува сосема поинаку.

„Вчера новинарите ме прашаа дали мислам дека претседателот Путин е паметен. „Реков, се разбира, дека е паметен“, рече Трамп на годишната конференција на Конзервативната политичка акција во Флорида, пренесува Индипендент.

„Вистинскиот проблем не е што Путин е паметен, туку што нашите лидери се глупави, тие се толку глупави“, рече Трамп на собирот на конзервативците во Орландо во саботата.

Трамп дополнително ја обвини администрацијата на Бајден за одлуката на Русија да го нападне својот сосед, напад што Путин го оправдува со нагласување дека со Украина управуваат „наркомани и неонацистички лидери“.

„Под наше водство, светот беше мирно место бидејќи Америка беше силна, а перцепцијата за нашата земја беше како никогаш досега: моќна, лукава и паметна. Сега сме глупава земја“, рече Трамп.

Руската инвазија на Украина ја нарече злосторство и истакна дека има емпатија за Украинците. Тој рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е храбар човек, бидејќи останал во Киев.

„Нападот на Русија врз Украина е застрашувачки. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ нека ги благослови“, рече Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП