Пандемиската и енергетската криза ги покажа клучните насоки на инвестирање за полесно надминување на секоја криза. Производството на електрична енергија преку обновливи извори на енергија фокус во следните години, особено во стопанството.
Сметките за електрична енергија го отежнаа работењето и на странските инвеститори во земјава. Инвестициии во обновливи извори на енергија се неизбежно сценарио за компаниите да можат да бидат дел од глобалните синџири на снабдување. Претставниците од германското стопанство во земјава, велат дека Владата подготвува нов закон за обновливи извори на енергија наменет за приватниот сектор, но во него не се опфатени компаниите во индустриските зони. Можност за инвестирање треба да добијат и компаниите во зоните за производство на електрична енергија преку обновливите извори на енергија.

„Енергетската криза е глобален проблем, а не локален. Претставниците на неколку компании кои се бават со индустриско производство, кај некој од нив има покачување на цената на електричната енергија и за 500 пати.Особено е важно да се земе и декарбонизацијата при индустриското производство во предвид. При производствените процеси е потрба делосна декарбонизација, доколку комапниите не се придржуваат до ова, тие во целост го ризикуваат опстанокот на нивното произвдоство доколку тоа е дел од глобалниот синџир на снабдување во Европа.“, вели за Денар, Патрик Мартенс- Директор на германското стопанство во Северна Македонија
И последната анализа направена од Асоцијацијата на странски инвестори говори дека последниците од панедемијата и енергетската криза ќе бидат присутни уште долг период кај комапниите. Во претходната година имале намален број на вработени за 1.7 проценти, проблеми со набавка на материјали, нарушен транспорт и зголемени трошоци за производство.

„Според компаниите, 93 проценти од нив се изјасниле дека се потребни нов сет на финансиска мерки за ублажување на последиците од пандемијата без разлика дали тој прекин во тоа значи е поради прекин на ланецот на добавување, недостигот на микро чипови или прекин на производство на клиентите. Овие мерки би придонеле задржување на бројот на вработени, субевнционирање на зголемените цени на електичната енергија, и укинување на царинските давачки“.
Според анализите најпогодена во последниот период е автомобилската индустрија поради недостигот на потребните материјали. Првичните прогнози се дека оваа година автомобилската индустија може да регистрира загуби и до 300 милијади долари. Најголем процент на застапеност во зоните имаат инвестициите од автомобилската индустија, а по нив се инвестициите во комуникација и информациите.
А.Ч