28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏордан го изненади Дончиќ, словенецот не можеше да поверува(ВИДЕО)

Џордан го изненади Дончиќ, словенецот не можеше да поверува(ВИДЕО)

НБА асовите приредија вистински спектакл на овогодинешниот Ол-стар натпревар во Кливленд, 75-ти по ред.

Натпреварот на најдобрите играчи од најсилната лига во светот отсекогаш привлекувал многу познати фаци и легенди, а така е и сега.

Од првите редови триумфот на тимот на Леброн Џејмс над избраниците на Кевинд Дурент (163:160) го следеше и славниот Мајкл Џордан.

Интересно е што поранешниот ас на Чикаго Булс го привлече вниманието на јавноста поради начинот на кој му пристапи на словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ за да се поздрави. Џордан се прикраде до асот на Далас Маверикс и го прегрна, додека Лук беше изненаден од гестот на легендарниот играч. Секако дека беше задоволен, а потоа накратко разговарал со него.

-Тоа е неверојатно. Не знам како да го објаснам тој момент. Просто е неверојатно… Мајкл Џордан го знае моето име, тоа многу ми значи. Тоа е неверојатен момент, немам зборови да го објаснам, изјави Дончиќ по натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП