27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжен рокот за барање субвенции до 31 октомври 2013

Продолжен рокот за барање субвенции до 31 октомври 2013

99513586

Рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Продолжениот рок за аплицирање ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања.

Доколку некое земјоделско стопанство не го остварило правото на директни плаќања по поднесено барање во 2012 година поради подмирување на овие обврски со задоцнување, ќе може да го оствари оваа година со поднесување посебно барање кое може да се подигне во подрачните единици на Министерството, стои во соопштението.

МЗШВ ги потсетува сите земјоделски стопанства, баратели на субвенции, дека рокот за подмирување на обврските по основ на воден надомест и надомест за користење пасишта истекува на 31.10.2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП