27 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е храната која ги брише брчките и годините

Ова е храната која ги брише брчките и годините

Гените играат важна улога во процесот на стареење, но подеднакво важен фактор е и храната која ја внесуваме во телото. Ние не можеме да се избориме против овој природен процес, но можеме да го одложиме со исхрана која е богата со антиоксиданси. Забавите го стареењето и победете ги годините со следните намирници.

Основните правила се да избегнуваме храна која е масна и содржи високо ниво на јаглехидрати. Овошјето, зеленчукот, житариците, гравот… се вашите сојузници во борбата против стареењето.

Ова е листата со намирници кои се богати со антиоксиданси и кои го спречуваат вашето стареење:

Маслиново масло

34737_shutterstock_65089477_630x0

Може да се најде насекаде во продажба и е достапно за секого. Тоа содржи мононезаситени масти и полифеноли, кои се добри за регенерација на клетките. Користете го како прелив за салата или при печење на месо.

Јогурт

19041_shutterstock_72611926_630x0

Калциумот е многу важен за зајакнување на коските, а во јогуртот се наоѓа голема количина на овој минерал. Содржи пробиотички  бактерии, и помага при варењето на храната. Брзиот метаболизам е природно поврзан со процесот на стареење.

Избегнувајте црвено месо

65471_riba-shutterstock-64181557_630x0

Црвеното месо предизвикува различни видови на воспаление и ја забавува работата на хормоните. За да се ​​внесат потребните протеини, јадете риба. Сите видови на риби се богати со омега-3 масти, кои се погодни за здравјето на срцето.

Црно чоколадо

51155_shutterstock-84556792_630x0

Еден од најважните антиоксиданти е флавонидот, а црното чоколадо го содржи во изобилие. Тоа  помага за одржување на силни крвни садови.

Ореви

46904_shutterstock-92373457_630x0

Сите видови на ореви се одличен извор на минерали и мононезаситени масти кои му се потребни на вашето тело.  Внесете мала количина на ореви, бидејќи тие содржат многу калории и тешко се варат.

Црвено вино

64257_shutterstock-70789108_630x0

Здраво е само ако се консумира во умерени количини. Ги штити крвните садови и ги спречува канцерогени и кардиоваскуларни болести.

Бобичесто овошје

65779_shutterstock-190088627_630x0

Сите видови на бобичесто овошје се добри за вас и вашето тело. Овие плодови се моќни извори на витамини и минерали и постојат многу начини да ги внесете во исхраната. Јадете неколку бобинки за појадок или внесете ги како салата за време на ужинката.

Калинка

70947_nar_630x0

Калинката е егзотично овошје и содржи полифеноли, кои влијаат на добриот изглед на вашата кожа.

Спанаќ

56070_profimedia0094345621_630x0

Добар е за целокупното здравје, бидејќи содржи широк спектар на витамини и минерали. Богат е со бета-каротен и помага во одржување на видот.

Кељ

65348_kelj-foto-shutterstock_630x0

Не прескокнувајте оваа намирница да ја вметнете во вашата исхрана. Таа е најбогата со состојки кои влијаат на виталноста на организмот и го забавуваат процесот на стареење.

Зелен чај

70948_zeleni-caj_630x0

Ги неутрализира слободните радикали кои влијаат на стареењето на клетките. Заштитува од штетните УВ зрачења, кои се  главен виновник за предвремената појава на брчки.

Лубеница

26418_shutterstock_80189032_630x0

Ова слатко и вкусно овошје е богато со витамин Ц и лутеин. Тоа се антиоксиданси кои кои имаат двојна функција против стареењето.

Киви

70949_kivi_630x0

Кивито е недоволно ценето овошје. И покрај тоа што има груба надворешност, внатрешноста на кивито е ризница на богатство со витамин Б.

Грејпфрут

63260_profimedia0193058335_630x0

Содржи во себе многу витамин Ц, кој го прави моќен антиоксиданс.

Житарици

25009_shutterstock_44179735_630x0

Житариците се добри, бидејќи тие содржат јаглехидрати кои влијаат за правилното лачење на инсулин. Некои од житариците се исто така добар извор на селен, кои и помага на вашата кожа да остане еластична.

Домати

70950_profimedia0113721271paradajz_630x0

Уште еден извор богат со витамин Ц, кој исто така содржи и ликопен, кој е главен во борбата против стареењето.

Брокула

27118_stock-photo-cream-of-broccoli-soup-in-a-soup-mug-healthy-eating-shutterstock_39982906_630x0

Брокулата е зеленчук кој го мрази секое дете, но ако сте пораснале време е да и се приближите. Тоа е моќно оружје во борбата против слободните радикали, благодарение на витамините и антиоксидансите кои се содржани во неа.

Кајсии

28496_shutterstock_59849026_630x0

Кајсиите се богати со витамини и антиоксиданси,  најмногу се слични на лубеницата.

Грав

14235_salata-stock-photo-vegeterian-salad-of-various-beans-in-bowl-close-up-shutterstock_33750187_630x0

Гравот е природно богат не само со антиоксиданси, туку и со протеини. Во случај да сакате да ја прескокнете црвено месо, гравот е одлична алтернатива.

Мед

50242_shutterstock-156284285_630x0

Слатко, здраво и вкусно. Тој едобра замена за обичниот шеќер. Има антивирусно и антиоксидантни својства, кои го ставаат на листата за здрава храна.

Лук

65354_luk-foto-shutterstock_630x0

Се наоѓа во секоја кујна и се меша во секое јадење. Има толку многу рецепти во кои лукот е суштински елемент. Има антивирусен ефект и е природен извор на антиоксиданси.

Морков

28265_shutterstock_103005356_630x0

Природно силен антиоксиданс, богат со каротин и витамини од групата A. Морковите се добри за очите, и ја штитат кожата од штетните ефекти на сонцето.

Диња

9444_dinja-stock-photo-melon-slices-on-white-background-shutterstock_22270381_630x0

Дињата е добра за детоксикација на организмот и е богата со витамина А и Ц

Цвекло

54549_profimedia0029390669_630x0

Никој не го чисти телото од токсини како цвеклото. Вкусот не му е баш на високо ниво, но можете да го помешате со други состојки или од него да направите свежо исцеден сок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП