Во пандемиската 2020-та година, земјите од Европската унија (ЕУ) ја намалија зависноста од увоз на фосилни горива, покажуваат податоците на Евростат. Тогаш заедницата увезувала 57,5% од потрошената енергија, што е намалување за 3 поени во однос на 2019-та година.
Сепак, главната причина за овој пад е пандемијата со коронавирусот, која ја намали потрошувачката и предизвика економска криза во Европа.
Меѓу најзависните земји во ЕУ се Малта, Кипар и Луксембург, кои увезуваат повеќе од 90% од енергијата што ја трошат. Грција е исто така многу зависна, увезувајќи 81% од потрошената енергија.
На спротивниот страна е Естонија, која увезува само 10% од енергијата што ја троши. Ниска енергетска зависност имаат и Романија и Шведска – тие увезуваат околу 30% од потрошената енергија.
ЕУ речиси целосно се потпира на увоз за две од нејзините главни фосилни горива во својата енергетска мешавина – нафта и нафтени деривати (34,5% од горивата) и природен гас (23,7% од горивата). Зависноста од суровата нафта, која е главна суровина за петрохемиската индустрија и производството на гориво, незначително се менува. Земјите од заедницата увезоа 96,2% од нивната потрошувачка на нафта, што е повеќе од 96,8% од пред една година.
Во 2019-та година, ЕУ всушност забележа највисоко ниво на зависност од увоз на нафта од 1990-та година.
Природниот гас е главен извор на енергија за производство на електрична енергија и топлина во ЕУ. Земјите од заедницата увезуваат 83,6% од потрошениот гас, што е намалување за 6 поени во однос на 2019-та година.
