среда, 28 септември 2022
ПочетнаСПОРТБИЗДали Ѓоковиќ се вакцинираше? Србинот пријавен за Индијан Велс

Дали Ѓоковиќ се вакцинираше? Србинот пријавен за Индијан Велс

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е пријавен за настап на Мастерсот во Индијан Велс, Калифорнија, зголемувајќи ги шпекулациите дека е вакциниран, бидејќи на турнирот смеат да играат само тие кои имаат примено вакцина за КОВИД-19.

20-кратниот гренд слем шампион имаше бурен старт на 2022, откако имаше вистинска „австралиска одисеја“ во обид да настапи на гренд слемот во Мелбурн, иако австралиската држава двапати му ја одзеде визата.

Ѓоковиќ е петкратен шампион од Индијан Велс, популарниот „турнир во пустината“, каде што организаторите во средата го објавија списокот на пријавени тенисери, заедно со ограничувањето дека сите гледачи и присутни на турнирот ќе мораат да дадат сертификат за вакцинација.

„Здравјето и безбедноста на турнирот е врвен приоритет, така што БНП Парибас опен ќе бара валиден доказ за целосна вакцинација за влез во тенискиот центар Индијан Велс. Мерките за тенисерите се поставени од ВТА и АТП турнејата, како и рестрикциите од САД во однос на вакцинацијата при влез во државата“, се вели во соопштението на турнирот.

Ѓоковиќ неодамна по приемот кај српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека за „десетина“ дена ќе ја каже својата вистина за случувањата во Австралија. Тој е петкратен шампион во Индијан Велс, а враќањето на тенисот ќе го има на 21 февруари на турнирот во Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП