25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостатокот на сон компаниите ги чини 63 милијарди долари

Недостатокот на сон компаниите ги чини 63 милијарди долари

slep

Еден од најважните извори на продуктивноста е добриот сон. Ретки се оние кои по четири часа сон се чувствуваат „како нови“. Повеќето луѓе спијат недоволно, па според истражувањата на компаниите тоа ги чини милијарди долари, пишува „Wall Street Jоurnal“.

Истражувачи од Харвард заклучиле дека недостатокот на сон, работодавачите ги чини околу 63,2 милијарди долари во 2011 година.

Вработените кои немале доволно сон, околу 30 проценти од вкупниот број, биле растроени и помалку продуктивни во работата.

Компаниите воочиле дека сето тоа ги чини скапо, па се поголем број од нив, како што се и светските гиганти „Procter & Gamble“ и „Goldman Sachs“, вработуваат експерти кои ги едуцираат вработените за последиците од лошиот сон како и за навиките за добар сон.

Некои компании имаат конкретен физички пристап кон проблемот, па во рамките на канцеларијата обезбедиле простор за дремка.

Инвестирање во здравјето на вработените претставува растечки тренд во корпоративниот свет. Како што трошоците за здраствена заштита растат, така работодавците пробуваат да ги намалат на долгорочно ниво, поттикнувајќи ги вработените на поздрав начин на живот, во смисла на исхраната и редовното вежбање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП