29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 50 работници дневно ја напуштаат Босна и Херцеговина и се селат...

По 50 работници дневно ја напуштаат Босна и Херцеговина и се селат во Словенија

Заминувањето на работната сила од пазарот на Босна и Херцеговина доби огромни размери.

За тоа сведочи податокот дека само минатата година во Словенија и Германија заминале речиси 20.000 работници.

За 11 месеци минатата година Агенцијата за труд и вработување на БиХ издала дури 17.917 работни дозволи за Словенија, што е зголемување за речиси 10.000 работници во однос на 2020 година кога биле издадени 7.887 одобренија, пренесува порталот Капитал.

Тоа значи дека просечно, месечно од домашниот пазар заминувале по 1.493 работници, односно секој ден во Словенија оделе по 50 работници.

Агенцијата посредувала и при вработување на домашни работници во Германија, па така во 2021 година издале 487 работни дозволи, додека во 2020 година нешто повеќе, односно 533.

Работодавачите посочуваат дека имаат рецепт за враќање на работната сила на домашниот пазар, но и придобивање на странските работници.

„Со намалување на фискалните и парафискалните оптоварувања, како и јавната потрошувачка и корекција на распределбата во корист на работниците во стопанството, можеме да создадеме услови за враќање на нашите граѓани, дури и престој на странски државјани. Клучот е поефикасно управување со природни и човечки ресурси“, изјави директорот Р.С.Саша Ачиќ.

Тој нагласи дека платите ќе продолжат да растат, а во блиска иднина ќе бидат стопирани и надворешните миграции.

„Стабилизацијата на политичките околности и владеењето на правото се императив. Фокусот на јавноста треба да се префрли на животните теми. Квалитетот и достоинството на животот и работата се најважните теми во една заедница“, рече Ачиќ.

Економистите посочуваат дека фактичките податоци за заминувањето на работната сила се далеку порадикални, особено кога станува збор за Словенија и Австрија.

„Имаме луѓе кои одат во овие земји да работат сами, без никаков посредник. Последица на сето ова е дека БиХ ќе стане увозник на работна сила во некои дејности, што веќе се случува. Оваа глобализација е веќе на прагот и тоа е нешто што ќе мора да го прифатиме“, вели економистот Горан Радивојац. .

Во некои дејности, напоменува, долго време е тешко да се најдат работници, па затоа, БиХ ќе мора да увезува работна сила, што од друга страна значително ќе влијае на  општеството – како културно така и традиционално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП