Без оглед дали сте ноќна птица или личност која не сака да го преспие утрото, вашите навики за спиење откриваат нешто повеќе за вас.
Верувале или не, научниците од тоа можат да утврдат одредени работи за вашиот карактер, особините на личноста, но и структурата на мозокот и траење на животот.
Оние кои порано си легнуваат, се подруштвени, преземаат контрола и се оптимистични. Тие се помалку склони кон пороци како што се алкохолот, никотинот и храната.

Ноќните птици имаат помалку бела маса во мозокот, велат научниците. Резултат на тоа е тоа што имаат помалку хормони кои се задолжени за добро расположение – сератонин и допамин.
Но, не е се така црно за ноќните птици – тие се покреативни, имаат поголеми сознајни способности и се подготвени да ризикуваат.
Студија која била спроведена во 2010 година, покажала дека најголема стапка на смртност имаат жени кои во просек спијат помалку од пет и повеќе од шест и пол часа дневно.

Болести на срцето, дијабетес, артритис, зголемен притисок и предвремено стареење им се закануваат на оние кои спијат помалку од шест часа.
Еден експеримент бил спроведен со студенти од Универзитетот Стенфорд. Тие во текот на седум седмици спиеле 10 и повеќе часа. После тоа, било докажано дека го подобриле времето во спринт, биле поиздржливи и помалку се заморувале.
Во САД во 2009 година, биле забележани повеќе фатални сообраќајни несреќи како последица од неспиење, отколку од алкохол.