21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во јуни 21.108 денари

Просечната нето плата во јуни 21.108 денари

pari

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јуни изнесувала 21.108 денари и во однос на јуни лани е повисока за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 6,8 проценти, информации и комуникации за 6,8 проценти и градежништво за 6,1 процент.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен за 9,2 проценти, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,3 проценти.

Во јуни годинава 2,3 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.Исплатената просечна бруто плата во јуни изнесува 30.957 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП