3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајжешкиот глобален сектор за недвижности се соочува со тешкотии

Најжешкиот глобален сектор за недвижности се соочува со тешкотии

Логистичките имоти сочинуваа речиси четвртина од сите инвестиции во деловен имот на глобално ниво во 2021-ва година.

Според податоците од консултантската компанија „JLL“, секторот учествуваше со речиси една четвртина од сите инвестиции во комерцијални недвижности на глобално ниво во 2021-ва година. Приносот на првокласните средства се намали на 4,4%. Побарувачката достигна рекордно високо ниво, а нето апсорпцијата во азиско-пацифичкиот регион се зголеми за 183%.

Сега се поставува прашањето дали може да продолжи ваквото виорно темпо. Претприемачите не успеваат да ја исполнат рекордната побарувачка од компаниите за е-трговија и логистика, а на инвеститорите им е тешко да најдат средства во кои вреди да се инвестира, што ги попречува нивните цели за распределба на инвестициите.

„Минатата година беше феноменална, иако не мислев дека е неочекувана“, рече Ник Џонс, директор за логистика и инвестиции во индустриска сопственост за Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA) во „JLL“.

„Притисокот врз секторот навистина се должи на постојаните структурни промени во синџирите на снабдување и зголемувањето на стоките кои стигнуваат до влезната врата на потрошувачот преку е-трговија“, додаде тој.

Потрага на терени

Промените во однесувањето на потрошувачите се главен двигател на растот во секторот.

Онлајн купувањето ќе продолжи да расте, така што се очекува побарувачката за логистички простор да се зголеми за најмалку 5% во следните три години, според 75% од испитаниците на анкетата „JLL“ во 2021-ва година меѓу 720 експерти за логистички простор. Околу 28% од учесниците во анкетата очекуваат раст на побарувачката од над 20% во тој период.

Но, поради големиот раст на нето искористените површини од страна на изнајмувачите, главното ограничување е недостатокот на земјиште. Претприемачите не успеваат да обезбедат соодветни градилишта и градежни дозволи.

Затоа, во наредните години, се повеќе и повеќе претприемачи ќе се фокусираат на повеќекатните проекти, особено во урбаните области со мала достапност на земјиштето, вели Рич Томпсон, глобален лидер во синџирите на снабдување и логистички решенија во „JLL“.

„Ограничената количина на регулирано индустриско земјиште е движечката сила зад потребата за целосно нов дизајн на вертикални згради“, рече Томпсон. „Повеќекатните логистички капацитети постојат веќе некое време, но во САД ова е релативно нов тренд. Гледаме се повеќе и повеќе добри можности бидејќи цените на земјиштето растат и потребата за поголема близина до потрошувачите станува поважна“, додаде тој.

„Дистрибуцијата, која порано беше неопходно зло фокусирано само на трошоците, сега се смета за стратешки приоритет од страна на корпоративните изнајмувачи“, рече Томпсон.

Бидејќи побарувачката на инвеститорите не покажува знаци на слабеење, 2022-ра година би можела да донесе повеќе партнерства како можен и остварлив пат за секторот во услови на растечки спојувања и превземања во индустријата за недвижнини во пошироки размери.

Зелениот предизвик

Синџирите на снабдување, исто така, се соочуваат со предизвикот да ја подобрат нивната одржливост, при што 73% од испитаниците на „JLL“ ја споменуваат енергетската ефикасност како висок приоритет.

Се очекува повеќе имоти да станат електрични во следната деценија, особено во сегментот „последната милја од рутата за испорака“. Британската „Royal Mail“ додаде дополнителни 3.000 комбиња со ниски емисии во својата флота. Логистичката компанија „DB Schenker“ неодамна нарача 1.470 целосно електрични комбиња од „Volta“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП