28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ја враќа свежината и енергијата на организмот

Напиток кој ја враќа свежината и енергијата на организмот

До сега би требало сите јасно да знаат дека – се што јадеме и пиеме, се одразува на нашиот изглед.

Поради тоа и решението за подобар изглед лежи токму во тоа – во исхраната. Одредени намирници го хидрираат телото одвнатре, и на кожата и ги даваат сите потребни состојки за да биде здрава, свежа, сјајна, затегната и младолика.

Комбинацијата на некои намирници има уште посилен ефект, а овој смути е најдобро решение буквално веднаш да го освежите вашиот изглед и да изгледате многу подобро.

Состојки: 1 шолјичка кокосова вода, шолјичка сецкан кељ, шолјичка свежи или смрзнати боровинки, 1 портокал и 2 бразилски ореви.

Подготовка: Во блендер сипете ја кокосовата вода, кељот, боровинките, излупениот портокал и бразилските ореви. Пасирајте додека да добиете хомогена смеса, и веднаш испијте го напитокот.

Овој напиток содржи 291 калориja, па многумина го користат и како ужинка, а ефектот се забележува по само неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП