23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца се расправаат за минималецот - работникот никако да користи!

Тројца се расправаат за минималецот – работникот никако да користи!

Темата за раст на минималната плата повторно ги зовре одностите на релација власт-синдикати-работодавачи. Секој со свое гледиште. Власта смета дека и е потребно половина година да донесе одлука за да се зголеми минималецот, синдикатите бараат најдоцна следниот месец тоа да се случи, а пак бизнисмените тврдат дека засега нема простор за исплата на повисоки минимални плати. Во овие натегања во средина како по обичај се наоѓа оној за кого се преговара, работникот чека подобро утре но никако да стаса до таа станица.

По најавите на властите дека во владата се преговара за зголемување на минималната плата на работниците, и дека 18 илјади денари ќе биде законската граница за исплата од јуни годинава, претставниците на работниците реагираат жестоко. Планот според нив или подобро речено ветувањето од Илинденска број два било во јануари да биде изгласано, а во февруари годинава да ја добијат зголемената минимална плата. Вака од ССМ сметаат дека се изманипулирани и на властите им порачуваат да не си играат со трпението на работниците. Велат дека македонскиот работник во време на сеопфатно поскапување нема намера да чека со месеци неговата плата да се зголеми за три илјади, а трошоците во меѓувреме да им пораснат многу повеќе.

„Остануваме на курсот кој го имаме зацртано пред Нова година и доколку ова наше барање, барање на работниците за егзистенцијално преживување не се оствари во најбрзо време ќе превземеме радикални мерки. Значи зборуваме со платата за јануари и да биде исплатена во февруари не ни преостанува ништо друго, туку да ги превземеме сите драстични мерки и чекори кои ни се на располагање според Законот за работни односи. Ни се овозможува повикување на сеработнички штрајк, преку блокирање на институциите, со протести на улиците се со цел да може да се слушне гласот на работникот. Очигледно е повеќе повеќе од тоа“.

Бизнисмените сметат дека кризата со пандемијата плус сега дополнително со енергетските проблеми и зголемените трошоци за нормално функционирање нема да можат сите фирми да плаќаат нова зголемена сума за минимална плата. Се сомневаат дека добар дел од стопанството повторно ќе се обидува да најде алтернативен начин како да исплаќа плати на вработените, а не ја исклучуваат можноста тоа да ја зголеми и сивата економија и да се зголеми процентот на работници кои ќе добиваат плата во плик.

„Оваа Влада пред само две години веќе еднаш направи политички мотивиран популистички бајпас на овој механизам, така што ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, нето износ. Зголемувањето на минималната плата ќе влијае и на намалувањето на мотивацијата кај дел од вработените, особено оние кои до сега беа попродуктивни, бидејќи голем број на деловни субјекти, особено микро и малите ќе немаат можност за поставување на соодветни скалила на плати кои ќе кореспондираат со продуктивноста и перформансите на вработените“, Велат од Сојузот на стопански комори.

Од Министерстото за економија соопштија дека Економско – социјалниот тим на владата работи на поместување на границата на минималната плата од 15 на 18 илјади денари. Кога се ќе биде подготвено ќе излезат во јавноста и ќе го соопштат планот.

„Во вториот квартал од оваа година треба да се донесе одлука за раст на минималната плата од 18 илјади денари, и сигурно во тој момент ќе излеземе со разни механизми кои ќе можат да ги користат приватните компании“.

Според пресметките 110 илјади работници се приматели на минимална плата во земјава. Оваа бројка порасна со претходното зголемување на минималецот кој изнесуваше 12 илјади денари кои ја земаа нешто над 30 илјади работници.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП