понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаСПОРТБИЗЈунајтед со победа кај Брентфорд за кревање на самодовербата

Јунајтед со победа кај Брентфорд за кревање на самодовербата

Со три гола во второто полувреме, Манчестер јунајтед победи со 3:1 во првото лигашко гостување на „Комјунити стадионот“ од 1947 година против новиот премиерлигаш Брентфорд, за кревање на самодовербата по разочарувачкиот домашен пораз од Вулверхемптон.

Во првите 45 минути, Јунајтед, со Кристијано Роналдо во стартниот тим, направија неколку шанси, но исто така имаа среќа што го имаа Давид де Хеа на голот. Тинејџерот Ентони Еланга, кој вторпат добива шанса да биде стартер за тимот на Ралф Рангник, во 55. минута убаво се снајде пред голот на домаќините по асистенцијата на Фред за водство на „ѓаволите“, пред Мејсон Гринвуд да зголеми на 2:0 во 62. минута откако поголемиот дел од работата го заврши португалското дуо Роналдо-Бруно Фернандеш.

Маркус Рашфорд, веднаш по влегувањето во игра, во 77. минута ја прекина својата серија без гол во Премиерлигата од октомври, за 0:3, пред Ајван Тони да намали на 3:1 во 85. минута од мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП