10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Росоман извезени над три милиони килограми праски

Од Росоман извезени над три милиони килограми праски

praski

Околу 3 до 3.5 милиони килограми праски досега се извезени само преку царинската испостава во Кавадарци и тоа главно на рускиот пазар, во Украина, како и на пазарите во поранешна Југославија, изјави денеска градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Во моментов цената за килограм праски на откупните пунктови во Росоман изнесува околу 17 денари. – Сметам дека производителите на овој вид на овошје можат да бидат задоволни од годинешната сезона оти бербата започна со цена од околу 30 денари за килограм праски, кажа Лазов.

Градоначалникот нагласи дека во росоманскиот регион се произведуваат околу еден процнет од светското производство на праски. Тој изрази задоволство што интересот за праската расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП