Се чини дека еврото го достигна својот максимум во однос на доларот но и спрема другите главни валути! Претходната недела еврото доминираше во однос на повеќето главни валути, повеќе како резултат на изјавата на бундес-банката за зголемената потрошувачка во Германија но и како резултат на гаранцијата на европската централна банка за држење на ниското ниво на каматната стапка во еврозоната. Секако дека сеуште изгледот на еврото во однос на останатите валути е во нагорен тренд, но, со обзир дека сме при крај на месецот, а цената на еврото е над нормалната фундаментална вредност, се очекува корекција или пад во однос на сите други валути.
Валутниот пар EUR/USD не го надмина по втор пат највисокиот врв од цена 1,3440 и моментално се наоѓа испод 1,3400 што ни наведува дека не би требело да ја надмине истата граница, и веројатно ќе следи корекција и пад до цена од 1,3256 на фибоначи нивото 23,6%, а доколку падне испод тоа ниво би следел уште еден надолен бран до цена на Фибоначи нивото 38,2% или 1,3162. Помали се шансите еврото да ја премина највисоката точка, но доколку се случи тоа, може да бидеме сигурни дека еврото ќе навлезе во еден долг нагорен тренд наспроти доларот, дали како резултат на јачината на еврото или поверојатно како резултат на преслабиот долар…




