25 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДигиталното скенирање на мумија на фараон стара 3.500 години откри интересни детали

Дигиталното скенирање на мумија на фараон стара 3.500 години откри интересни детали

Египетските научници „дигитално ги открија“ мумифицираните останки на фараонот Аменхотеп I, откривајќи интересни детали за животот и смртта на египетскиот крал за прв пат откако мумијата беше пронајдена во 1881 година.

Украсена со цветни венци и интересна дрвена маска за лице, мумијата била толку кревка што археолозите никогаш не се осмелиле да ја разоткријат.

Тие истакнуваат дека ова е единствената египетска кралска мумија пронајдена во 19 и 20 век, која во денешно време не би можела да се одвитка за да може да се проучува.

Египетските научници користеле неинвазивна технологија за дигитално скенирање.

Со помош на тродимензионална компјутерска томографија (CT), тие отпакуваа мумија стара 3.500 години и за прв пат успеаја да ја проучат нејзината содржина.

„Со дигитално одвиткување на мумијата и „отстранување“ на нејзините виртуелни слоеви – маски за лице, завои и самата мумија – имаме можност да ги проучиме овие добро сочувани останки на египетски фараон до најмалите детали“, рече д-р Сахар Салим, професор по радиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Каиро и радиолог на проектот „Египетска мумија“.

Др. Салим и нејзините колеги заклучиле дека Аменхотеп имал мала брада, мал нос и кадрава коса. Посебен впечаток им оставил фактот што и по 3.500 години фараонот имал исклучително добро сочувани заби.

„Имал околу 35 години кога починал. Тој бил висок 169 сантиметри, потстрижен и имал сјајни заби, а во своите платнени омоти „чувал 30 амајлии и уникатен златен појас со златни бисери“, рече Салим, додавајќи дека таа и колегите не откриле никакви повреди кои би ја објасниле причината за неговата смрт.

Аменхотеп I владеел со Египет околу 21 година, помеѓу 1525 и 1504 година п.н.е. Тој бил вториот крал од 18-та династија и имал главно мирно владеење за време на кое изградил бројни храмови. Тој го презел тронот по смртта на неговиот татко Ахмос I. Неговото име значи „Амон е задоволен“.

Египтолозите се согласуваат дека Аменхотеп I веќе бил отворен во 11 век п.н.е. Мумијата потоа претрпела повеќе фатални повреди, најверојатно нанесени од разбојниците на гробници.

Подоцна, според хиероглифските записи, за време на 21-та династија, свештениците и балсаматорите се обиделе да ја поправат штетата. Ова се случило повеќе од четири века откако фараонот првпат бил мумифициран и погребан.

Пред таа и нејзините колеги да почнат да ја проучуваат мумијата, д-р Салим мислела дека свештениците и балсаматорите споменати во записите ја одвиткале за повторно да користат некои предмети како амајлии за подоцнежните фараони, што било вообичаена практика во тоа време, но открила дека тоа не било така.

„Можеме да кажеме дека, во случајот со Аменхотеп I, свештениците од 21-та династија со љубов ги поправале штетите и повредите нанесени од ограбувачите на гробници, и дека на мумијата и го вратиле својот поранешен сјај и го зачувале величествениот накит и амајлии“, објасни д-р Салим.

Резултатите од истражувањето беа објавени во вторникот во стручното списание Frontiers in Medicine.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП