Кога човек ќе огладни нездравата храна изгледа како лесно решение, а и сите овошја и зеленчуци ви делуваат исто.
Погрешно е да размислувате така од една проста причина – различните овошја и зеленчуци хранат различни делови од нашето тело и секое е хранливо на свој начин.
Срце
Лукот е одличен за намалување на крвниот притисок. Јаболкото, всушност кората од јаболкото, содржи растворливи влакна кои ги чистат ѕидовите на артериите. Капините исто така се одлични борци против анемијата. Вистина е дека нивната сезона не трае долго но секогаш можете да ги пронајдете во вид на органски сок.

Бели дробови
Зелката, брокулата и кељот се намирници кои ги хранат вашите бели дробови бидејќи даваат силна заштита од антиоксиданси кои ги штитиат нашите бели дробови од разни болести.

Коски
Смоквата е полна со витамин Д во сите облици. Но покрај коските, одлична е и во одржувањето на нервниот систем.
Јајници
За јајниците е добро да консумирате бразилски ореви поради селенот, мускулите најмногу се хранат со јајцата поради чистите протеини, а за мозокот рибата е одличен избор, поради омега 3 масните киселини кои се неопходни за развој на мозокот и очите.

Очигледно е дека нездравата брза храна ни нуди само краткорочно задоволство, а изборот на здрави намирници ни нуди здравје на долги патеки.