28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто куркумата е добра за здравјето?

Зошто куркумата е добра за здравјето?

Куркумата e природен „прочистувач на организмот“ и се користи со векови благодарение на одличните предности кои ги има за нашето здравје. Таа е позната како кралица на зачините, бидејќи поседува антибактериски, анти-воспалителни и детоксикациски својства.

Воедно, таа е одлична во борбата против рак и Алцхајмер.

1. Го намалува воспалението, благодарение на состојката куркумин.

2. Го штити мозокот, бидејќи куркуминот го зголемува нивото на Невротрофниот мозочен фактор (BDNF), одговорен за когнитивните нарушувања на мозокот како деменција и Алцхајмер.

3. Го намалува ризикот од рак, го спречува растот на канцерогени клетки и нивното ширење во телото.

4. Помага во варењето, ги решава проблемите на дигестивниот тракт, како што се надуеност и гасови, болести на жолчката…

5. Го штити срцето, ги спречува наслагите од артериите, спречува згрутчување на крвта и го намалува лошиот холестерол.

6. Ги олеснува симптомите на артритис.

7. Го забавува стареењето.

Можете да ја додадете во се – соковите, супите, сосовите, јадењата. За да ја подобрите нејзината апсорција додадете и малку црн бибер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП