16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФискалните правила на Европа се и нејзина сопирачка

Фискалните правила на Европа се и нејзина сопирачка

Постои една американска политичка аксиома: „Не ми кажувај што цениш. Покажи ми го твојот буџет и ќе ти кажам што цениш. Европската унија им кажува на сите дека сака „стратешка автономија“. Следните месеци ќе му покажат на светот дали тоа навистина е така, изјави поранешната шпанска министерка за финансии Аранча Гонзалес за „Politico“.

Стратешката автономија значи дека Европа има поголема моќ да прави свои избори во согласност со нејзините интереси и вредности, без разлика што прават другите. Ова е разумен одговор на светот кој стана помалку пријателски настроен кон Европејците – свет во кој Русија собира војници на границата со Украина, Кина ја турка Литванија, а САД се повлекуваат од Авганистан, напуштајќи илјадници Европејци и авганистански соработници.

Но, дали Европа е подготвена да направи се што е потребно за да го прошири својот простор за маневрирање? Ова воопшто не е јасно.

Очигледниот избор се трошоците за одбрана. Во ЕУ тие формираат 1,2 отсто од БДП-то во 2019-та година, а само Естонија и Грција се блиску до целта на НАТО од 2 отсто од БДП-то. Овие нивоа на трошоци јасно ја покажуваат Европа која се чувствува удобно да продолжи да се потпира на американскиот безбедносен чадор.

Сепак, постои уште една област каде што ЕУ зависи од изборот на другите наместо од сопствениот: економијата.

Од финансиската криза во 2008-ма година, ЕУ стана се повеќе економски зависна од остатокот од светот. До кризата салдото на тековната сметка на еврозоната со остатокот од светот беше неутрално. И покрај важните внатрешни нерамнотежи, нето вредноста на извозот беше приближно еднаква на вредноста на увозот.

Но, како одговор на кризата, главно во форма на мерки за штедење, ЕУ ја потисна потрошувачката и инвестициите во поголемиот дел од еврозоната. Економиите како Шпанија, Италија и Ирска преминаа од трговски дефицит во трговски суфицит. Еврото можеби се спаси, но Европа сега се потпира на надворешната побарувачка како двигател на растот и создавањето работни места. Во првиот квартал од 2021-ва година, суфицитот на сметката на ЕУ изнесува 3,4 отсто од БДП-то. Оваа зависност ја ослабува способноста на Европа да дејствува сама. Предвременото враќање на штедењето, како што е ставањето крај на вонредните трошоци за пандемијата, само ќе го влоши проблемот.

Тековниот преглед на фискалните правила на ЕУ обезбедува клучен тест за тоа дали е време за промена. Таму има два главни лагери.

Првиот сака да го задржи статус кво. Тој тврди дека итните мерки преземени во минатата година – итното суспендирање на фискалните правила на ЕУ што им овозможуваат на земјите-членки да обезбедат поголема поддршка за нивните економии и заедничкото издавање на долгови за финансирање на фондот за закрепнување од 750 милијарди евра „Next GenerationEU“ – беа ништо повеќе од привремено решение на привремена криза.

Овој лагер сака да го врати Пактот за стабилност и раст во 2023-та година – намалување на фискалниот дефицит на под 3% од БДП-то и брзо намалување на односот долг кон БДП на 60% – или земјите ќе се соочат со фискално заострување преку процедурата за прекумерен дефицит на Европската комисија.

Вториот лагер тврди дека пандемијата едноставно ги разоткри постоечките недостатоци и дека фискалната рамка на ЕУ треба да се ревидира и реформира за да се поддржат инвестициите во декарбонизацијата, технологијата, инфраструктурата и одбраната. Тој сака да го надгради пандемичното искуство на ЕУ со фискална солидарност преку взаемно кредитирање, како и да продолжи напред кон здрава унија со заеднички набавки на вакцини и трошење за истражување и развој.

Овој лагер не мора да бара целосно повторно преговарање за Пактот за стабилност и раст, туку сака да ги исклучи инвестициите во зелената и дигиталната транзиција да не се разгледуваат во однос на целите за долгот и дефицитот на земјите. И со долг на ЕУ од 93% од БДП-то и над 100% за еврозоната, ова не е погодно за нагло преминување од раст кон штедење, особено по цена на инвестициите во човечки и физички капитал што ја зголемуваат продуктивноста.

Оние кои бараат стратешка автономија мора да се надеваат дека реформаторите ќе победат.

Неподготвеноста на Германија и другите големи земји од еврозоната да позајмуваат пари и да го здружат долгот не само што ги ограничува инвестициите во дигиталната и зелената инфраструктура, туку и интернационализацијата на еврото бидејќи, за разлика од американските државни обврзници, не постојат огромни групи на сигурни средства во кои доминира еврото, а кое ги држат странците.

Резултирачката доминација на доларот во глобалните плаќања и последователната централност на американскиот финансиски систем е важна причина зошто Брисел не успеа да стори многу за да ги заштити европските компании загрозени од американските санкции поради нуклеарниот договор.

Изгледа дека новата германска коалициска влада има поголема желба да инвестира, барем дома. И ако Европа може да ги редефинира своите буџетски приоритети и да продолжи по патот на внатрешните реформи, има можност да ја зголеми својата идна продуктивност, одржливост и безбедност, истовремено намалувајќи ја ранливоста на Стариот континент од надворешни економски шокови. Ниските трошоци за задолжување и повисоките од очекуваните социјални трошоци за јаглерод значи дека овие инвестиции веројатно ќе бидат поевтини отколку што мислат политичарите. Но, ќе им треба ЕУ да одлучи што навистина цени и да има соодветен буџет за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП