24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанска банка АД – Скопје ја наградува довербата на своите штедачи

Стопанска банка АД – Скопје ја наградува довербата на своите штедачи

slika za web3

Во пресрет на 1 милијарда евра вкупни депозити

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица. Покрај успешните резултати за првата половина од годината, Банката деновиве се приближува до вкупен износ од една милијарда еврадепозити, што претставувадури 26% од вкупните депозити на граѓаните и компаниите во Македонија.

Иако е само уште една бројка во низата остварувања на Банката, постигнувањето на 1 милијарда евра депозити за нас се особено драг и значаен резултат затоа што е одраз на довербата на нашите клиенти, на стабилноста на Банката, наконтинуиранотосистемско работење, стручноста и посветеноста на нашите вработени, како и на нашата определба да воведуваме нови иновативни депозитни производи. На овој начин, Стопанска банка останува и понатаму најдоброто место за вашите пари, изјавиг. Диомидис НиколетопулосГенерален Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

За одбележување на овој значаен успех Банката организира наградна игра во периодот од 20.08-20.09.2013г за сите свои клиенти. Со реализиран нето прилив на вкупните средства на клиентот (по основ на сите депозитни производи) во минимален износ од 3.000,00 денари (или други конвертибилни валути) клиентот остварува право на учество во извлекувањето на наградите:

  • Главна награда 300.000 денари и
  • 5 споредни награди по 60.000 денари.

Правилата на наградната игра во целост се достапни на веб страницата на Банката.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП