28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите технологии тешко достапни за домашните компании!

Новите технологии тешко достапни за домашните компании!

Сопственциите на компаниите тешко се одлучуваат да инвестираат во нови технологии поради постоењето на финансиски ризик кој може да предизвика неликвидност на бизнисот. Во последните пет години Фондот за иновации и технолошки развој кофинансирале 788 инвестиции во компаниите во вредност од 88,2 милиони евра. Коморите бараат подршка и за големите компании, а не само на микро, малите и средни компании.

Инвестциите во нови технологии од страна на домашните компании се сведени на минимум. Ниту бизнис заедницата ниту властите не вложуваат доволно напори да имаме поголем број на инвестирање во нови технологии. Во земјава допрва почнуваме да ја отвараме темата за нови инвестиции и како до нив, а немаме конкретен напредок на ова поле. Извршната директорка на невладината Македонија 2025, Никица Мојсоска Блажески за Денар вели дека може да се забалежи мал напредок во последните години, но како земја на ова поле веќе многу доцниме.

„Многу се мали вложувањата во нови технологии, како земја одвојуваме 0,02 проценти од бруто-домашниот производ што е многу малку. Кривицата е и на Владата, односно на владината подршка за нови инвестиции и технологии и на компаниите кои што не доволно се свесни за бенифиците кои што ќе ги добијат. Важни се прашањата за компаниите дали се изложени на надворешно влијание и знаат кои се новите технологии, дали се подготвени да инвестираат, и дали имаат работна сила или работници кои што можат да ги применат новите  технологии. Меѓутоа мислам дека многу доцниме ние дури сега зборуваме за воведување на технологии, малку имаме патенти, сега зборуваме а допрва почнуваме да инвестираме“, вели Никица Мојсоска- Блажески- Извршен директор на Македонија 2025

Оваа година во Стопанската комора се формираше Совет за напредни технологии, чија цел треба да биде развој на бизнисот во следните години, воведување на ИТ технологија, дигитализација, образование и пренесување на новите технолгии кои ги поседуваат странските компании кај домашните компании. Комората во објавената публикација за пост-ковид периодот потенцира дека ФИТР треба да нуди подршка и за големите компании кои реално може да ја имплементираат многу побрзо новата инвестиција и да им помогнат на помалите бизниси.

Стопанска комора

„Постојниот Фонд за иновации и технолошки развој, во основа, е фокусиран на микропретпријатијата, на малите и на средните претпријатија. Но, големите компании се тие што можат, преку усвојување нови технологии, know-how, иновации и инвестиции да постигнат технолошки напредок и развој и притоа да повлечат со себе напред и дел од малите и средни компании со кои соработуваат на домашниот пазар. Оттука, потребно е да се формира Фонд за иновации за големите компании и за таа цел да се предвидат поголеми износи, соодветни за големината на компаниите за кои ќе биде наменет“, велат од Стопанската комора.

Од ФИТР посочуваат дека основната цел на фондот е кофинансирање на проекти за микро, мали и средни претпријатија. Оваа година најмногу биле кофинансирани проекти во приватните здравствени установи, кои вовеле нови инвестиции за експанзија на нови пазари, постабилна мрежа на добавувачи, подобар квалитет на производите и услугите. 

„Фондот за иновации и технолошки развој во своите програми предвидува поддршка за микро, мали и средни претпријатија и низ различен вид поддршка. Конкретно за воведување на нови технологии, годинава го реализиравме јавниот повик за Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Во рамките на овој повик поддржавме 97 компании со речиси 5,4 милиони евра. Целта на поддршката беше претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени“ и дигитални технологии за нивна трансформација“, велат од ФИТР.

За недостигот од нови технологии нотираше и Европската комисија во последниот извештај за напредокот на земјата. Според извештајот на малите и средни претпријатија им недостигаат соодветни сертификати, опрема, воведување на нови технологии за да можат поуспешно да се вкучат во синџирот на доставувачи на директните странски иневестиции во земјава.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП