20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските компании во следните три години нема да застанат на здрави нозе

Македонските компании во следните три години нема да застанат на здрави нозе

На микро, малите и средни компании ќе им требаат неколку години за да се стабилизираат од кризата. Од над 75 илјади регистрирани фирми во земјава 99,21 процент се мали и средни фирми. Покрај неизвесноста и ударот од кризата, на овие компании и наттаму им тежат старите нерешени проблеми.  

Во следните три години не се очекува микро и малите компании да зекрепнат од кризата. Стабилноста на малите бизниси е на стаклени нозе поради пандемиската, енергетската но и политичката криза. Намалена продажба, нелојална конкуренција, мала подршка од Владата и куп парафискални давачки се дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат компаниите. Од организацијата на микро и мали претпријатија за Денар велат во тековниот месец едвај успеваат да исплатат плати за вработените. Прометот им е намален и за 50 проценти, а голем удел во ова има и онлај продажбата која не подлежи на никакви закони.

Организација на микро и мали претпријатија

„Продажбата е намалена за цели 50 проценти. Енергетската криза, пандемијата и политичката состојба силно влијаат врз граѓаните и тоа се рефлектира врз секојдневната потрошувачка. Малите фирми едвај успеваат да исплатат плати и да ги задржат вработените, а од друга страна се соочуваме со нелојална конкуренција која цвета. Се повеќе се отвараат онлајн продавници кои немаат ниту вработени, нуту регистрирани фирми за да ги исполнуваат обврските кон државaта.“

Анализите на Сојузот на стопански комори говорат дека државната помош била недоволна, а сегашните активни мерки за користење на овие компании им се недостижни. Од комората чии членки се во најголем дел мали и средни компании потенцираат дека е нарушен столбот на македонската економија. Без целосно заздравување на овие компании тешко да се остварува и економски напредок на земјата. Во периодот што следи сопствениците на овие компании ниту размислуваат за нови вработени ниту пак за инвестциии.

Сојуз на стопански комори

„Малите и средните претпријатија опстојуваат на дневно ниво без да може да направат и реализираат долгорочни плановите за раст и развој бидејќи нема предвидливост во земјава за важните економски и политички текови. Пристапноста до свежи финансии и поволни кредити се уште е ограничен. Она што се нуди од државата се периодични процеси на пример за да се добие помош за субвенционирање за вработување на ново лице треба да се има остварено добивка во 2020 година, што е тешко достижен услов поради кризата. Во оваа смисла од големо значење е и функционирањето на институциите кои треба да ни овозможат полесен, брз и ефикасен начин на водење на бизнисите. “

Дека кризата најмногу ги погоди микро компаниите до пет вработени забележува и Државниот завод за статистика. Во 2020 година згаснале речиси 4.000 илјади микро бизниси до пет вработени споредено со 2019 година. За разлика од микро фирмите, лани бројот на мали компании до 50 вработени се зголемил за 1.000 додека 37 нови бизниси се отвориле како средни компании.

                                               2020 год.                               2019 год.

Микро компании                  47.859                                      51.800             

Мали компании                   23.615                                       22.579           

Средни компании                  973                                             936      

(Извор: Број на активни субјекти, Државен завод за статистика)

Владата пак во текот на оваа и претходната година креираше мерки за компаниите за полесно надминување на кризата. Како најискористени мерки oд страна на малите и средни претпријатија од владината подршка за надминување на кризата беа подршка за исплата на плати на вработени и поволни кредити понудени од Развојната банка.

Ч.А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП