26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНаучниците предупредуваат на компликации кај пациенти хоспитализирани со Ковид-19

Научниците предупредуваат на компликации кај пациенти хоспитализирани со Ковид-19

Најчестиот наод бил мозочен удар поради затнати артерии, но научниците откриле и крварење во мозокот, воспаление на мозокот и други потенцијално смртоносни компликации.

Приближно еден процент од пациентите хоспитализирани со Ковид-19 најверојатно имаат компликации во централниот нервен систем, објавија научниците на годишниот состанок на Северноамериканското здружение за радиологија.

Помеѓу, скоро 38.000 пациенти хоспитализирани со Ковид-19 во Соединетите држави и Европа, симптомите ги наведоа лекарите да се посомневаат за компликации на мозокот кај околу 11 отсто од пациентите.

Снимањето со магнетна резонанца (MRI) и компјутерската томографија (CT) потврдија абнормалности на централниот нервен систем, најверојатно поврзани со вирусот, кај десет проценти од овие пациенти, со вкупна инциденца од 1,2 проценти.

Најчестиот наод бил мозочен удар поради затнати артерии, но научниците откриле и крварење во мозокот, воспаление на мозокот и други потенцијално смртоносни компликации.

Водачот на студијата д-р Скот Фаро од Универзитетот Томас Џеферсон во Филаделфија рече дека проблемите со белите дробови поврзани со Ковид-19 се добро познати.

-Нашата студија покажува дека компликациите на централниот нервен систем се значајна причина за морбидитет и смртност во оваа катастрофална пандемија, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП