24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници граѓани во Македонија денот го поминуваат со еден оброк!

Илјадници граѓани во Македонија денот го поминуваат со еден оброк!

Здравствено економската криза, надополнета со растот на цените на основните прехранбени производи предизвика дополнителни проблеми за дел од граѓаните на Македонија во предизвикот како да се прехрани семејството. За една година Банката за храна добила над 80 барања само од семејства од Скопје кои не можат да си обезбедат ниту по еден оброк на ден. Сериозна е состојбата и низ другите градови низ државата. Стандардот на граѓаните е нарушен, а сиромаштијата се по присутна и мошне забележителна.

Податоците на Банката за храна покажуваат дека минатата година успеале да соберат и поделат над 280 тони храна и над 8 тони хигиенски средства. Планот им е оваа година да ја завршат со над 320 тони храна и над 3 тони хигиенски средства. Ова се сериозни бројки кога ќе се додаде дека станува збор за период во кој не само Македонија туку светот се наоѓа во тешки две години, живеејќи во постојана пандемиска криза. Но, од Банката за храна велат дека гладта на човекот е како континуирана пандемиска ситуација со која со децении се среќаваат, па така велат оваа пандемија за нав и не е некое изненадување. Во последниов период од Банката за храна додаваат дека има зголемена побарувачка за помош од страна на бројни наши сограѓани. Сепак мора да се напомене дека капацитетите и можности на банката се ограничени. За жал, зголемената побарувачка на производи од Банката за храна од страна на граѓани секако дека голем удел има и губењето на работните места, но во последните месеци и од зголемените цени на храната, вели за Денар Душко Христов претседател на организацијата Банка за храна.

„Баните за хрна во Светот, па и тука во Макеоднија се едни и единствени кои навистина допираат до оние на кои денот им е ноќ, а ноќта долга ноќна мора мислејќи што ќе се јаде утре! Довербата која ја стекнавме од операторите со храна (значаен дел од истите) ни дава сигурност во секојдневието да можема да “присобереме“ значајни количини на прехранбени производи кои во форма на социјални пакети ги споделуваме до крајните корисници. Со сигурност можеме да кажеме дека порастот на цените за над 10% ја зголеми и побарувачката за помош од страна на поединци и фамилии кои не барале помош во изминатите години. Само како бројка се над 80 доспеани барања (само во Скопје) за неполни два месеци, што за нас е показател дека сиромаштијата тропнала на врата и кај тие семејства“, вели Душко Христов од Банката за храна.

Податоците на Христов велат дека на месечно ниво во зависнот од пристигнатите донации успеваат во просек да обезбедат некаде помеѓу 1000 и 1100 фамилии или тоа е нешто над 2500 до 3000 лица. Освен на месечно ниво, Банката за храна има и користици на дневна основа. Над 300 лица од 11 градови низ Македонија добиваат прехрнабени производи за најмалку по еден оброк на ден. Дополнително, Христов вели дека имаат и ад-хок баратели во просек 40-50 фамилии на месечна основа, најчесто фамилии во Скопје, Кавадарци и Штип. Охрабрува податокот што и покрај кризата се уште има граѓани кои сакаат да помогнат на луѓето кои најмногу се погодени од моменталната ситуација, и донираат храна во банката. И во иднина доколку има заинтересирани граѓани кои имаат намера да достават некаква количнина на храна од Банката велат дека може да се донесе со претходно договање на достапните телефони или преку нивните профили на социјалните мрежи. Важно е само храната да има соодветен рок на употреба и да е спакувана во соодветно трговско пакување. Најпотребни и најделени производи се: гулаш, паштети, ориз, брашно, шеќер, масло, леќа, грав, тестенини, итн. Но низ годините имало и злоупотреби на ваквиот социјален начин на помагање на ранливите категории на граѓани.

„Па “горејќи се“ низ годините наназад и одговарајќи дури и на поединчени барања, увидовме дека значаен дел од “барателите“ не се во ситуација во која себе се претставуваат. Од една страна барателите – бараат, а од друга страна па и ние не сме комисија да оценува кој во каква ситуација се наоѓа, и е многу неблагодарно да се “мајтапиме“ со маката на тие баратели на помош во храна. Од тие причини доста внимателно се приоѓа на барателот на помош преку согледување и испитување на околностите во кои тие поединци или фамилии живеат, дури тогаш може да речеме дека сме спремни да помогнеме. Но едно нешто треба да биде јасно, не сме во можност да помогнеме голем број на наши сограѓани, сепак и нашите капацитети се скромни наспроти барателите, но тоа тие и не го разбираат кога пристапуваат и кога бараат помош. Секогаш прашањето – барањето упатено во форма на вербално или преку социјалните медиуми е едно, а упатените забелешки пак од тие баратели не се баш во рамки на разбирањето и почитта кон нас од кои бараат помош. Ние имаме разбирање, но не секогаш исходот од тие “разговори“ е во рамки на човечноста и меѓусебната почит и разбирање“, додава Христов.

Од Банката за храна која се наоѓа во главниот град велат дека имаат одлична соработка со локалните партнери со неформалните засега банки за храна засега кои се во Кавадарци и во Штип. Пред се, напоменуваат дека тоа е поради заложбата да се постигне рамномерност и отчетност во работата. Дополнително велат и дека значајна е и соработката со тамошните Центри за социјална работа, бидејќи сликата и дел од списоците на корисници на социјална помош се во нивни раце. Во однос на Скопје, велат дека би ја издвоиле Општина Центар во која точно три години имаат поделено над 5000 пакети или над 90 тони храна за околу 150 семејства, стари и изнемоштени лица, згрижувачки семејства.  

Во однос на соработката со народните кујни низ државата, Христов вели дека тоа го прават многу ретко. Сметаат дека тој концепт не се совпаѓа со филозофијата на Банкараството со храна, а во последно време или години наназад вели дека се и дел од критичката јавност кон таквиот начин на помош на оние на кои таа помош им е повеќе од потребна. Вели дека не се против да постојат и работат т.н. Народни кујни, но да работат чесно и транспарентно и во корист на навистина гладните и сиромашните наши сограѓани. Инаку, освен Банка за храна во Скопје, во тек е оформување на три бранши на истата во Кавадарци, Битола и Штип.

Душко Христов вели дека не можат да пресметат колку оброци се делат на годишно ниво. Но смета дека секако потребни се податоци, анализи и статистики, но според него побитно е колку килограми разноврсна храна ќе добие едно лице во текот на целата година, а тоа да биде храна со која поединецот ќе добие барем еден достоен оброк на ден.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП