28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGaruda Indonesia и China Southern Airlines можни купувачи на Croatia Airlines

Garuda Indonesia и China Southern Airlines можни купувачи на Croatia Airlines

croatia2

Владата на Хрватска најдоцна до 15 октомври ќе распише тендер за продажба на „Croatia Airlines“. Можни се два модели- докапитализација или класична продажба на акциите. Според зацртаниот распоред, новиот сопственик или косопственик на националната авиокомпанија би можел да биде познат во февруари идната година.

Како што дознава „Утрински лист“, засега се можни два потенцијални купувачи. Интерес искажале авиокомпаниите „Garuda Indonesia“ и кинеската компанија „China Southern Airlines“. Како потенцијален трет купувач се споменува „Etihad“ од ОАЕ, кој неодамна купи 49 проценти од „JAT“.

Според груби проценки, за 100 проценти од акциите, компанијата би можела да добие околу 300 милиони куни. Според правилата на Европската комисија, фирмите надвор од Европската унија можат да купат најмногу 49 проценти од целата компанија.

За што подобро да ги запознаат со ситуацијата во „Croatia Airlines“, министерот за транспорт Синиша Хајдаш Дончиќ, претседателот на Надзорниот одбор на „Croatia Airlines“ Синиша Петровиќ и неговиот заменик Дарко Пребежац, следната недела во Џакарта ќе се сретнат со челниците на „Garuda“, претседателот на индонезиската економска комора и тамошниот министер за транспорт.

Во Индонезија патуваат на повик на тамошната Влада. „Garuda“ е авиокомпанија на која мнозински сопственик е индонезиската држава. Во овој момент државата има 60 проценти сопственост во компанијата.

Соговорниците на „Утрински Лист“ тврдат дека разговорите со претставниците на „Garuda“ траат веќе неколку месеци и дека влегле во многу сериозна фаза. Министерот Хајдаш Дончиќ пред неколку месеци најави продажба на дел од „Croatia Airlines“.

Во меѓувреме е донесен план за реструктуирање на компанијата, и е објавена докапитализација од страна на државата која засега е сопственик на повеќе од 90 проценти од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП