23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибиров меѓу ЛШ-легендите Лазаров и Карабатиќ со над 1.000 гола

Дибиров меѓу ЛШ-легендите Лазаров и Карабатиќ со над 1.000 гола

Легендата на Вардар, рускиот ракометар Тимур Дибиров, на вечерашниот меч со Пик Сегед стигна до својот 1.000-ти гол во Лигата на шампионите прикажувајќи фантастична долговечност во елитното европско натпреварување.

На вечната листа, секако, убедливо прв е македонскиот репрезентативец, капитен и селектор, Кирил Лазаров, кој има неверојатни 1.462 гола во ЛШ, тука е и француската ѕвезда Никола Карабатиќ со 1.101 гол, а четврти на листата е Данецот Микел Хансен со 961 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП