28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕден меч суспензија и голема парична казна за Јокиќ

Еден меч суспензија и голема парична казна за Јокиќ

НБА лигата експресно ги одреди казните за инцидентот што го предизвика Никола Јокиќ на натпреварот Денвер Нагетс-Мајами Хит.

Јокиќ, реагираше на неспортскиот фаул од Маркиф Морис, го фрли противникот на теренот. Во мешаницата која настана потоа, најгласен беше Џими Батлер, кој му порача на српскиот центар дека го чека надвор за да се пресмета со него.

Јокиќ, доби минимална казна, ќе пропушти еден натпревар. Поради оваа казна тој ќе остане без 210.417 долари. Овој износ ќе му биде одбиен од платата бидејќи ќе го пропушти дуелот со Индијана Пејсерс.

Казни добија и кошаркарите на Мајами Хит, Маркиф Морис и Џими Батлер. Морис ќе плати 5.000 долари бидејќи насилниот неспортски фаул го иницирал инцидентот, додека Батлер ќе плати 30.000 долари, поради „обид за ескалација на инцидентот и непочитувањето на безбедноста при давање интервју“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП