понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕИсфрлете ги сите отрови од телото: Метод кој спречува многу болести, ги...

Исфрлете ги сите отрови од телото: Метод кој спречува многу болести, ги исфрлува мастите и вишокот вода

Два дена пред почетокот на оваа програма за чистење престанете да јадете и пиете млечни производи…

Чистењето на телото од токсини, а особено белите дробови, е одлично бидејќи помага за правилната работа на организмот, а тогаш се чувствуваме многу подобро. Особено внимание на овие совети би требало да обрнат пушачите.

Добрата работа на белите дробови води кон подобро здравје и расположение, а нивното повремено чистење е одлично, бидејќи секојдневно сме изложени на загаденост.

Третманот за чистење трае три дена, но не би било лошо некои од ставките да ги вметнете во редовната рутина.

Започнете веднаш!

– Два дена пред почетокот на чистењето престанете да јадете и пиете млечни производи. Телото мора да се ослободи од токсините од тие производи насобрани во телото.

– Еден ден пред режимот испијте шолја билен чај пред спиење. Тоа ќе ги исфрли отровите од цревата. Имајте на ум дека и белите дробови при чистењето не смеат да се оптеретуваат со тешки физички активности.

Тридневен метод за прочистување од токсини:

– Пред појадокот испијте 300 мл вода со два цедени лимони. Потоа испијте 300 мл сок од грејпфрут, но ако вкусот ви е премногу одбивен, испијте иста количина на сок од ананас (свежо цедени, не купечки). Соковите од овие овошја содржат природни антиоксиданти, кои ја подобруваат работата на системот за дишење.

– Меѓу појадокот и ручекот испијте 300 мл сок од моркови (свежо цеден), тој ќе помогне да се алкализира крвта во текот на тридневното чистење.

– За време на ручекот испијте 400 мл сок или шејк богат со калиум, тој ќе делува како тоник за чистење одвнатре. Калиум има во бананите, крушите, кајсиите…

– Пред спиење испијте 400 мл сок од брусница, тоа ќе помогне во борбата против бактерии во белите дробови кои можат да предизвикаат инфекции

– Опуштете се 20 минути во врела купка сите три денови, бидејќи потењето ќе предизвика исфрлување на токсините од телото.

– Во сад со зовриена вода ставете пет до десет капки етерично масло од еукалиптус и инхалирајте со пешкир преку главата. Вдишувајте пареа се додека водата не се олади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи