25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК тестира 10 словенечки банки

ЕК тестира 10 словенечки банки

slove1

Во десет банки во Словенија, вклучувајќи ги и тие во државна сопственост, ќе се направи проверка и ќе се прегледа квалитетот на средствата, објави словенечката централна банка.

Со тоа се исполнува препораката на Европскиот совет од јуни оваа година.

Покрај претставниците на централната банка и министерството за финансии, во одборот кој ќе ја следи проверката на ситуацијата во банките ќе бидат и надзорници од Европската комисија, Европската централна банка, како и од Европската канцеларија за надзор на банките.

На стрес тестови и прегледот на квалитетот на средствата ќе бидат, по препорака на ЕУ, изложени „Нова Љубљанска банка“, „Нова кредитна банка Марибор“ и „Абанка“ и уште седум банки: „Банка Целје“, „Горењска Банка“, „Пробанка“, „Фактор Банка“, „Уникредит банка Словенија“, „Хипо Адриа Банк“ и „Раифаизен Банк“.

За спроведување на стрес тестовите е именувана фирмата „Oliver Wyman“, а за преглед на квалитетот на средствата на фирмите „Deloitte“ и „Ernst&Young“.

Ќе се направи и независна проценка на вредноста на недвижностите со кои располагаат банките, а сите резултати од прегледите би требало да бидат познати до крајот на годината.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, овие проверки би требало да покажат колку додатен капитал им е потребен на банките, според различни сценарија на развојот на ситуацијата на финансискиот пазар до 2015 година и колку се оптоварени со лоши кредити.

Како што наведуваат медиумите, тоа е поврзано со барањето на Европската комисија во банките кои се во сопственост на државата да се спроведе ревизија уште пред да се префрлат нивните лоши кредити на таканаречената лоша банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП