24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал потпиша со петгодишниот Зајн, популарниот мал Меси

Арсенал потпиша со петгодишниот Зајн, популарниот мал Меси

Зајн Али Салман, петгодишното дете што стана сензација со своите неверојатни способности со топката, почна да работи во академијата на Арсенал, кои лани му дадоа првичен договор кога имаше само четири години.

Видеата на кои Зајн го покажува својот талент собраа илјадници прегледи и му го донесоа прекарот малиот Меси, а сега тој почна да работи. Салман се фотографира со менаџерот на академијата на Арсенал, Пер Мертезакер, како и со скаутот Стивен Динс, кој беше импресиониран.

„Тој прави работи што не треба да ги правиш на таа возраст. Кога го видов, му се јавив на пријателот да ми потврди дека има само четири години. Тогаш зборував со неговите родители и сега почнуваме со работа“, вели Динс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП