25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн се повреди пред почетокот на сезоната

Леброн се повреди пред почетокот на сезоната

Лос Анџелес Лејкерс без победа во подготвителниот период ќе влезе во јубилејната 75. сезона во НБА-лигата. Изминатата ноќ „езерџиите“ доживеаја пораз 116:112 од Сакраменто Кингс. Поголем проблем од поразот за Лејкерси е поредата на Леброн Џејмс.

Леброн против Кингс одигра 30 минути, постигна исто толку поени, на кои придодаде по шест скока и асистенции. Тој го напушти теренот во третиот период, најверојатно, поради повредата на зглобот.

Лејкерси допрва ќе се огласат по повод повредата на Леброн Џејмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП