26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо со хет-трик, Србија и Португалија со победи, Англичаните само со реми...

Роналдо со хет-трик, Србија и Португалија со победи, Англичаните само со реми со Унгарија

Англичаните пропуштија шанса да обезбедат место на Мундијалот во Катар, откако одиграа 1:1 со Унгарија на „Вембли“, додека Португалија и Србија ја продолжуваат борбата за првото место во групата А со победи – Португалците со 5:0 го здробија Луксембург предводени од хет-трикот на Кристијано Роналдо, додека Србија се намачи, но стигна до 3:1 победа над Азербејџан.

Роналдо постигна два гола во првите 13 минути од пенал, за во 90. минута да стави точка на натпреварот, откако Бруно Фернандеш и Палиња дадоа по еден гол за Португалците. Србија пак, се намачи со Азербејџан – прво Душан Влаховиќ ги донесе во водство со гол од пенал, пред Махмудов да израмни во финишот на првото полувреме по грешката на одбраната на домаќините.  Влаховиќ во 53. минута пак стрелаше за 2:1, пред Душан Тадиќ во 83. минута од пенал да ги постави конечните 3:1.

Англија на „Вембли“ исто така губеше со гол од пенал на Салаи во 24. минута, пред Џон Стоунс во 37. минута да израмни за тимот на Герет Саутгејт.

КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022

ГРУПА А

Португалија – Луксембург 5:0

Србија – Азербејџан 3:1

ГРУПА Б

Косово – Грузија 1:2

Шведска – Грција 2:0

ГРУПА Ц

Бугарија – Северна Ирска 2:1

Литванија – Швајцарија 0:3

ГРУПА Д

Казахстан – Финска 0:2

Украина – Босна и Херцеговина 1:1

ГРУПА Ф

Данска – Австрија 1:0

Фарски Острови – Шкотска 0:1

Израел – Молдавија 2:1

ГРУПА И

Албанија – Полска 0:1 ПРЕКИНАТО

Англија – Унгарија 1:1

Сан Марино – Андора 0:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП