26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто можат да направат сливите за вашиот организам?

Што можат да направат сливите за вашиот организам?

Познати се како природен мултивитамин, но многумина од нас немаат навика да ги консумираат редовно. Сепак, толку се здрави, што можеби ќе го промените мислењето кога ќе слушнете што можат да направат сливите за вашиот организам.

Една слива содржи 84 проценти вода, 0,6 проценти протеини, 10 проценти јаглехидрати, 2,1 грама влакна. Покрај тоа, имаат ниско ниво на масти и калории, а висок процент на витамин А, Ц и Е, калциум, магнезиум и калиум.

Каков ефект има на организмот ова моќно овошје доколку секојдневно консумирате по пет сливи.

1. Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Сливите се поврзуваат со нискиот гликемиски индекс што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

2. Ја подобруваат меморијата

Ако јадете пет сливи дневно, ќе му помогнете на вашиот организам да се ослободи од негативното дејство на слободните радикали кои лошо влијат на нашето паметење и меморијата.

3. Го штитат срцето

Една свежа слива во просек содржи 113 мг калиум. Овој минерал помага при контролата на високиот крвен притисок, а со тоа го намалува и ризикот од мозочен удар.

4. Го подобрува и штити цел дигестивен систем

Сувите сливи се одличен начин да го забрзате варењето. Еден од начините да ги јадете преку целата година е да ги потопите сливите во свежо сварена вода, да ги оладите и замрзнете.

5. Ги зајакнуваат коските

Истражувачите од универзитетите во Флорида и Оклахома 12 месеци тестирале две групи на жени во постменопауза. Една група јадела 100 грама суви сливи дневно, а другата јадела 100 гр сушени јаболка. И двете групи консумирале калциум и витамин Д како додаток. Резултатите покажале дека групата која јадела суви сливи имала значително поголема густина на коските.

6. Го подобруваат здравјето на очите

Сливите се многу важни за здравјето на очите. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите можат да го намалат ризикот од појавата на макуларна дегенерација или жолти дамки, заболување кое главно ги погодува старите лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП