28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтервју со Трајче Манев- „Е-Адвокат“ им овозможува на адвокатите успешно да се...

Интервју со Трајче Манев- „Е-Адвокат“ им овозможува на адвокатите успешно да се адаптираат на промените

Дигиталната револуција донесе бројни дигитални алатки и функционалности, кои ја имаат моќта да ја подобрат деловната практика, и да придонесат кон зголемување на ефикасноста на работењето. Адвокатите и адвокатските канцеларии се исто така засегнати, и се сектор кој треба да се модернизира и унапредува. По тој повод разговараме со г.Трајче Манолев од македонската компанија Markant Software која со помош на ФИТР разви иновативно софтверско решение кое им помага на адвокатите да работат поефикасно и подобро.

Новото време носи промени и нови очекувања, дали е засегната и адвокатската професија?

-Многу брзо, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали или големи канцеларии – туку на паметни адвокати и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време. Стручноста и професионалноста на еден адвокат секогаш ќе бидат важни, но нивната способност брзо и ефикасно да ги реализираат процесите се повеќе ќе доаѓа до израз. Денес клиентите има многу покомплексни потреби од порано. Имаат потреба некој да покаже разбирање и почит за нивните проблеми и брзо да предложи квалитетно решение. Имаат потреба од адвокатска канцеларија која ревносно управува со нивните податоци, и безбедно ги чува.

Денес повеќе од било кога порано извршувањето на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Од адвокатите се бара многу повеќе. Тие да бидат партнери на своите клиенти, инволвирани во нивното работење, да бидат организирани со брз пристап до сите информации, случаи и закони.

Од каде идејата за платформата „Е-Адвокат“ и за какво решение се работи?

-Се работи за cloud базирано решение за комплетно водење на адвокатска канцеларија. Тоа овозможува олеснување на работата, поголема ефикасност и прегледност, заштита на податоците, со што влијае кон подигање на нивото на работа, ја намалува папирологијата и резултира во помалку административна работа. Со “Е-Адвокат” секој адвокат, се прилагодува на новото време, станува конкурентен и добива можност да одбере како да го приоретизира времето наместо со часови да се задржува на едноставните работи кои можат да бидат извршени дигитално.

Идејата дојде спонтано, од бројни контакти со професионалци од професијата, од разговори со нив и инфо за потешкотиите со кои се соочуваат. Пред се бројна папирологија, неефикасно архивирање, заштита на документите, нивно лесно пронаоѓање,посебно кога станува збор за историја на некои пообемни случаи. Брз и лесен пристап од било кое место и во било кое време, и ред други работи кои на адвокатите им причинуваат потешкотија.

Кои се бенефитите за еден адвокат од примената на „Е-Адвокат

-Пред се адвокатите и адвокатските канцеларии да ја зголемат својата ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит. Да имаат повеќе време за правните работи, да се посветат на вистинските работи и совети, а се друго што е поддршка и папирологија да биде автоматиизрано и безбедно. Можеби и најголема предност е дигиталниот дата центар кој е во облак и пристапот до него на сигурен и безбеден начин во било кое време и од било кое место.

Која е вашата порака до адвокатите?

-Да не се плашат од промени. Да ја превземат иднината во свои раце и брзо да се адаптираат и станат покункурентни.

Кои се плановите за во иднина?

-Идејата за Е-Адвокатја реалиизравме со делумна поддршка од ФИТР што секако беше од голема помош. Поддршката беше финансиска но и во менторска поддршка за пренесување на идејата на соодветен начин во стручната и пошироката јавност. За почеток наша цел е што повеќе адвокати и адвокатски канцеларии во земјава да го користат, а во следна фаза и регионално да настапиме. Решението е интересно, корисно и заслужува успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП