26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИграч на Манчестер јунајтед ќе се пресели во Њукасл

Играч на Манчестер јунајтед ќе се пресели во Њукасл

Новите газди на Њукасл јунајтед најавуваат офанзива на фудбалскиот пазар во зимскиот преоден рок. На „Сент Џејмс парк“, се потребни засилувања кои треба да изборат опстанок во Премиер лигата.

Медиумите се обидуваат да откријат кои играчи би можеле да го засилат Њукасл во јануарскиот преоден рок.

Потенцијално засилување би можел да биде Ентони Марсијал. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, ретко добива шанса од Оле Гунар Солскјер, тој е на маргините по доаѓањето на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо.

Тој бил подготвен да замине, но досега не можеше да најде клуб кој би ја презел неговата плата од 10 милиони евра. Од оваа перспектива трансферот во Њукасл делува како реална опција.

Марсијал има договор со Јунајтед до јуни 2024 година. Неговата вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 35 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП