25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисот предупредува, замрзнувањето на цените ќе ја продлабочи работата на црно!

Бизнисот предупредува, замрзнувањето на цените ќе ја продлабочи работата на црно!

Замрзнувањето на цените нема да ги реши проблемите, децидни се бизнисмените. Инфлацијата е поттикната од неколку фактори, освен поскапи енергенси на пазарот недостасуваат и суровини за производство и сето тоа влијае за поскапување на крајните продукти. Доколку владата реши да замрзне добар дел од производите, стопанствениците стравуваат од зголемување на работата на црно и обид за нов бран на сива економија. Додека власта реши како ќе постапува во борбата против инфлацијата, живеачката станува се потешка. За околу 1000 денари поскапе минималната потрошувачка кошничка за една година.

Овој глобален порастот на цените на храната, според Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации е резултат на глобалните цени на храната кои веќе го достигнале највисокото ниво од септември 2011 година, поттикнати од силната побарувачка за пченица и растителни масла, но и на цените на транспортот. Денар побара ставови од најголемите бизнис здуженија, како тие реагираат на најавата на власта за замрзнување на дел на цените на производите. Од Сојузот на Стопански комори велат дека цените на суровините, репроматеријалите и готовите производи бележат постојан тренд на раст поради кризата. Недостатокот на одредени производи на светскиот пазар негативно влијае и доведува до зголемување на нивната цена. Габриела Кулебанова која е потпретседател на Комората за Денар вели дека, комплексноста на овој проблем кој е реалност ќе ги погоди бизнисите, но и крајните потрошувачи. За да се ублажи тоа негативно влијание мора сите чинители да дадат свој активен придонес.

„Треба да се потенцира и дека во овој момент одредени компании се воздржуваат да ги зголемат цените за реалниот процент и тоа го прават постепено за да не се одрази значително на продажбата. Сите овие негативни трендови не треба да ги игнорираме туку треба да се направи одредена стратегија. Земјите кои размислуваат проактивно во соработка со производители поттикнуваат отворање на фабрики на сопствена територија, со цел  да се намалат трошоците за транспорт кои многукратно ја зголемуваат цената на крајниот производ. Ние како земја која има одлични предиспозиции за производство на прехранбени производи треба да стимулираме инвестиции во овој сектор. Со замрзнување на цените може да се опфатат неколку основни производи, тоа може да има некој краткорочен ефект, но нема да може значително да ја ублажи инфлацијата и растот на цените на долг рок”, вели Габриела Кулебанова од ССК.

Од Стопанската комора иако најавија раст на цената на дел од прехранбените производи и до 50 насто, сега велат дека по сосотанокот со Владата ќе се најдат мерки да нема толкаво зголемување на цените. Антони Пешев од ова бизнис здружение вели дека алармот за новонастанатата ситуација со цените е вклучен, но сега треба да се направи стратегија за да не биде предоцна. Пешев се надева дека Владата нема да се реши да ги замрзнува цените на прехранбените производи, бидејќи според него тоа би водело на раст на сивата економија.

„Факт е дека одредени импути не се качени само заради цената на енергијата, туку заради намаленото производство, и традиционалните пазари од кои ги купуваме. Да кажам дека житото го купуваме традиционално од Србија или од Украина, и тие два пазари сега имаат покачена цена за 40 отсто. Тоа не значи дека сега директно ќе се одрази на храната, но сакам да кажам дека импутите треба да се моноторираат. Се работи за исклучително проблематична година, на светските берзи ќе видите дека изворното производство е намалено или со исклучително зголемена цена. Се надеваме дека владата нема да посегне по лимитирање на цените. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме како пазар, затоа што тоа секогаш упатува на црн пазар, шверц или проблематични позиции. Мислам дека ќе најдеме заеднички јазик да биде во некаква нормална комуникација“, вели Антони Пешев од Стопанската комора.

Дека животот станува се поскап потврди и Државниот завод за статистика. Во септември во однос на истиот месец лани трошоците за живот се зголемени за 3,7 отсто. А пак цените на мало се повисоки за 5,6 отсто. Извештајот покажува дека најмогу се зголемени трошоците за транспот и тоа за цели 15 отсто во однос на ланскиот септември. Храната е поскапа за 4 отсто, а за толку е зголемен трошокот за набавка на алкохолни пијалаци и тутун, по 3 отсто се зголемени трошоците за здравствените услуги и трошоците за рекреација, и посета на културни манифестации, за 6 отсто има и раст на трошоците за ресторански и хотелски услуги.

Академик Таки Фити пак смета дека владата добро се справува во кризни ситуации. Економските политики кои ги води во ковид кризата според него даваат позитивни резултати. Сега вели ќе видиме со какви механизми ќе настапат од владата во борбата со инфлацијата. Според Таки Фити, оваа криза на зголемени цени е глобална а главен виновник условно речено е зголемената побарувачка на енергенсите.

„Зголемувањето на цените во земјава е наметната состојба од странство. Во светски размени дојде до пораст на цената на сите енергенси тоа се должи на две работи. Започна заживувањето на економиите, а тоа е зголемена побарувачка на енергија за да може да функционира производствто. Зголемената побарувачка ги зголемува цените на сите енергенси. А другата работа е тоа што се повеќе се оди на зелена енергија, нови технологии на производство на енергија но тоа е поскапо. И тоа е резулатат на поскапувањето на производите во светската економија. Нашата центранлна банка има механизми да ја држи инфлацијата под контрола“, изјави Академик Таки Фити.

Владините министри од областа на економијата пак тврдат дека будно ја следат состојбата и во случај на посериозен раст на основните прехранбени производи ќе реагираат со мерки како што се замрзнување на цените или пак со издвојување на дел од државните стокови резерви. Што се однесува пак до опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека ваквата висока инфлација се должи на како што велат лошите економски политики кои ги води владата. Не може, велат од партијата во исто време да се најавува зголемување на плати и смрзнување на цени. Опозицијата стравува дека во брзо време во продавниците ќе се вратат сликите од социјализмот кога честа појава беа празни полици и редици граѓани кои чекаат да набават намирници.

Во однос на синдикалната потрошувачка кошничка, пресметката на синдикатот вели дета таа е поскапа за речиси 1000 денари на годишно ниво. А најмногу според синдикалците е поскапена храната и сметките за домување.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП