21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche 918 Spyder подготвен за производство

Porsche 918 Spyder подготвен за производство

spajder

„Porsche“ ја објави првата фотографија на моделот „918 Spyder“ во својата финална производна верзија.

Иако автомобилската јавност веќе е запознаена со новиот топ модел на „Porshe“, досега од оваа компанија пристигнуваа само фотографии и снимки од неговите прототипови. Сериската верзија нема ништо ново во поглед на дизајнот на овој суперспортски автомобил со хибриден погон.

„Porsche 918 Spyder“ е конструиран така да може да се вози со „ветерот во косата“, но и како класично купе со тврд покрив со оглед дека дизајнираните покривни панели можат рачно да се отстранат и да се сместат во багажникот во предниот дел на автомобилот.

Од „Porsche“ претходно беше потврдено дека хибридниот погон ќе се состои од 4.6 литарски „V8“ агрегат кој развива 447 kW/608 ks и 530 Nm, како и два електромотори кои ќе произведуваат 115 kW/156 ks и 95 kW/129 ks, а секој од нив ќе ја пренесува моќта на по една осовина од автомобилот. На тој начин се добива максимална комбинирана снага од 652 kW/887 ks и повеќе од 800 Nm максимален вртежен момент.

Во германската компанија велат дека автомобилот од 0 дo 100 km/h ќе забрзува за 2.8 секунди, до 200 km/h за 7.9 секунди, a дo 300 km/h za 23 секунди. Максималната брзина изнесува 340 km/h.

„Porsche 918 Spyder“ ќе има премиера во септември на авто-саемот во Франкфрут, по што ќе се најде во продажните салони ширум светот. Покрај наведените спецификации и податоци за перформансите, фановите и натаму ќе спорат дали навистина на еден ваков автомобил му е неопходен хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП