25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот Сенат го усвои законот за зголемување на лимитот на долгот

Американскиот Сенат го усвои законот за зголемување на лимитот на долгот

Сенатот на САД усвои закон за привремено зголемување на лимитот на задолжување над сегашниот законски лимит од 28,4 трилиони долари, со што се избегна ризикот од историски банкрот овој месец.

Сепак, Сенатот ја одложи одлуката до почетокот на декември за подолготраен правен лек, пренесува Ројтерс.

Сенатот го усвои законот со 50 гласови „за“ и 48 „против“, по неколкунеделни партиски несогласувања.

Предлог-законот усвоен од Сенатот сега оди во Претставничкиот дом, кој треба да биде одобрен за да се потпише од претседателот Џо Бајден.

Претставничкиот дом ќе гласа за законот во вторник, изјави шефот на демократското мнозинство во тој дом, Стени Хојер.

Зголемувањето на лимитот за задолжување од 480 милијарди долари, со што лимитот на долгот ќе се зголеми на 28,9 трилиони долари, се очекува да биде исцрпен до 3 декември, истиот ден кога истекува финансирањето на повеќето федерални програми според мерката усвоена претходно овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП