Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, од кои во: Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод по 2 и по еден заразен во Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 12 починати лица, од кои шестмина во Скопје (94, 78, 70, 68, 61 и 49 години), двајца од Кавадарци (77 и 63 години) и по едно починато лице од Куманово (66), Охрид (72), Крива Паланка (59) и Македонски Брод (74). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 10 починати во периодот од 7 до 29 септември. Од овие смртни случаи, шест се регистрирани во Скопје, два во Куманово и по еден во Валандово и Гостивар, а починатите лица биле на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените, еден бил починат во домашни, а другите деветмина во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани биле и 474 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес и Тетово по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш по 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар по 3, Демир Хисар и Пехчево по 2 и по еден оздравен во Охрид и Пробиштип.
Направените 3.425 теста се преку: ИЈЗ – 493, ЦЈЗ Скопје – 66, ЦЈЗ Битола – 69, ЦЈЗ Прилеп – 35, ЦЈЗ Тетово – 56, ЦЈЗ Куманово – 53, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 20, Институт за микробиологија – 175, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 78, „Авицена“ – 144, „Биотек“ – 190, „Систина“ – 98, лабораторија „Лаор“ – 116, „Синлаб“ – 21, „Ремедика“ – 11, „Плодност“ – 29, „Генеа“ – 2, „Никоб лаб“ – 349, „ВФВ медикал“ – 44, „Ели медика“ – 45, „Ројал медика“ – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.322.
Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 191.408, бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 83.285, Активни 5.536
Куманово 11.395, Активни 992
Тетово 10.814, Активни 905
Прилеп 9.046, Активни 313
Гостивар 7.955, Активни 472
Битола 7.077, Активни 267
Велес 6.225, Активни 348
Охрид 5.944, Активни 549
Кавадарци 5.910, Активни 237
Струмица 5.723, Активни 280
Штип 5.712, Активни 242
Кичево 3.975, Активни 423
Струга 3.784, Активни 374
Кочани 3.243, Активни 154
Гевгелија 2.407, Активни 84
Неготино 2.315, Активни 39
Свети Николе 1.886, Активни 112
Ресен 1.534, Активни 91
Радовиш 1.512, Активни 86
Дебар 1.449, Активни 108
Крива Паланка 1.423, Активни 93
Берово 1.209, Активни 29
Делчево 1.122, Активни 70
Виница 1.029, Активни 50
Пробиштип 909, Активни 31
Валандово 816, Активни 31
Кратово 566, Активни 58
Богданци 547, Активни 13
Крушево 527, Активни 20
Македонски Брод 470, Активни 28
Демир Хисар 438, Активни 24
Демир Капија 410, Активни 5
Пехчево 312, Активни 2
Македонска Каменица 300, Активни 21
Дојран 139, Активни 0