17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac - така се пишува зборот за елеганција

Cadillac – така се пишува зборот за елеганција

cadi

„Cadillac“ го претстави „Elmiraj Coupe Concept“ со кој овој производител го најавува својот иден топ модел.

„Elmiraj“ кој инспирација црпи од  моделот „Eldorado“ од 1967-та година, но и од „Ciel Concept“ од 2011-та година, продолжува со низата на естетски многу успешни концептни автомобили на овој производител.

На предниот дел доминира широка маска на ладилникот со голем амблем на „Cadillac“ и специфични текни издолжени фарови кои заоѓаат во крилата на автомобилот кои на овој концепт му даваат дополнителна доза на елеганција.

Погледнете го промотивното видео на концептот „Elmiraj“:

За разлика од различната предна хауба, задниот дел од возилото е пропорционално кратко. Убавите пропорции се заокружени со 22 инчни алуминиумски фелни.

Внатрешноста на „Elmiraj“ е подеднакво футуристичка и луксузна.

Употребени се скапоцени и квалитетни материјали од кожа и дрво, а особено се истакнува необичниот дизајн на седиштата.

cadi1

Во автомобилот има место за 4 лица. Со оглед дека станува збор за купе, инженерите се обидоа да им обезбедат полесно влегување на патниците кои седат позади, па поради тоа предното седиште лизга нанапред за 25 cm, а во истовреме задното седиште се поместува исто така нанапред за 10 cm.

Кога лицето ќе се смести во своето седиште, тоа автоматски се враќа назад во вообичаената позиција.

На централната конзола се наоѓа голем екран со неправилна форма. Брзинометарот и обртомерот ја задржаа својата препознатлива аналогна форма, иако новите инструменти се наоѓаат на дигиталниот дисплеј пред возачот.

cadi2

„Cadillac“ не ги објави деталните технички спецификации, но потврди дека концептот за погон ќе користи 4.5 литарски „twin-turbo V8“ мотор кој произведува околу 500ks и близу 700 Nm максимален вртежен момент.

Во компанијата велат дека автомобилот користи шасија и други конструктивни елементи на идниот топ модел, но не прецизираа за какво возило станува збор. Во секој случај ќе биде интересно да се види сериски модел кој ќе биде заснован на концептот „Elmiraj“.

cadi3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП