26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед живее од ТВ права

Манчестер Јунајтед живее од ТВ права

Познатиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед успеа да надомести дел од загубите предизвикани од пандемијата, благодарение на приходот од продажбата на телевизиските права за пренос на натпревари. За 12 месеци до 30 јуни оваа година, клубот заработи 254,8 милиони фунти, што е 81,7 проценти повеќе од 140,2 милиони фунти претходната година.

Со многу натпревари одиграни без публика, приходите од билети се намалија од 89,9 милиони фунти на 7,1 милиони фунти, пренесува Би-Би-Си. Легендарниот Кристијано Роналдо, кој го напушти Олд Трафорд во 2009 година, се врати во клубот. Манчестер го купи договорот на Роналдо од Јувентус за почетни 15 милиони евра, со опција од 23 милиони евра за пет години.

Раководството на клубот истакнува дека се „посигурни од било кога дека клубот е на вистинскиот пат“. Извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд, оцени дека Манчестер покажа сила и издржливост во најтешките времиња.

Вкупните приходи на клубот оваа година се намалија од 509 милиони фунти на 494,1 милиони фунти. Нето загубата изнесува 92,2 милиони фунти, додека во 2020 година загубата беше 23,2 милиони фунти, но тоа е последица на пресметаниот данок. Клубот наведува дека минатата година бил погоден од падот на очекуваните приходи од 70 милиони фунти, како директна последица од пандемијата.

Вудворд изјави дека, иако Манчестер Јунајтед има „самодоверба“, останува јасно дека „фудбалот во целина се соочува со големи финансиски предизвици предизвикани од долгогодишната материјална инфлација во платите и трансферите, влошени од влијанието на пандемијата“.

Раководството наведува дека глобалната побарувачка за преноси во живо на фудбал е многу силна, за што сведочи силното ниво на неодамнешните меѓународни и домашни договори за правата на пренос, но дека ниту еден клуб не може да успее сам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП