26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина легендарниот тренер Душан Ивковиќ

Почина легендарниот тренер Душан Ивковиќ

Почина славниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ, на 78 -годишна возраст.

Тој почина утрово во болница во Белград каде се лекувал од болест на белите дробови.

Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година и е еден од највлијателните европски тренери на сите времиња.

Тој ќе биде запаметен како еден од најуспешните селектори на југословенската репрезентација, со која трипати беше европски шампион – 1989 (Загреб), 1991 (Рим) и 1995 (Атина), еднаш светски шампион (1999 година) и олимписки вицешампион (1988).

Ивковиќ потоа ја започна преродбата на српската кошаркарска репрезентација како селектор во периодот 2008-2013 година кога освои сребро на Евробаскетот во 2009 година и ги постави темелите за резултатите што следеа во наредните години.

Во својата клупска кариера, која ја започна во Раднички од Белград, единствениот клуб за кој играше во текот на својата десетгодишна играчка кариера, тој ги водеше Партизан, Олимпијакос и ЦСКА, како и Арис, Шибеник, Војводина, Паниониос, АЕК, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Тој ја заврши тренерската кариера по Ефес во 2016.

Ивковиќ ја освои Евролигата двапати – во 1997 и 2012 година, двата пати со Олимпијакос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП