25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА10 нови метали кои ќе ја променат технологијата

10 нови метали кои ќе ја променат технологијата

Liquid-Metal

1.Течен метал

Иако името сугерира на метал во течна состојба(liquidmetal), всушност е една извонредна цврста легура која е поотпорна на абразија од сите други материјали.Иако се користи од 2003 година, се очекува во иднина да се применува масовно во сите гаџети, а не е тајна дека и ,,Apple” веќе некое време експериментира со оваа легура.

 

2.Графин

Многу беа возбудени  по откривањето на графинот во 2004 година,а јасно е и зошто. Ова е најтенкиот и најјакиот познат материјал.Бидејки е проѕирен, идеален е за изработка на екрани осетливи на допир, а во комбинација со пластика ќе овозможи изработка на лесни и цврсти материјали.

 

3.,,Willow Glass”

Флексибилно стакло кое се витка како врба што ќе овозможи изработка на производи кои не мора да бидат рамни и ќе им дозволи на дизајнерите да ги остварат своите дизајнерски фантазии преку различни криви форми.

 

4.Осетливи OLED екрани

На уреди со вакви екрани работат неколку компании, како што се Самсунг, кои направија прототип на мобилен со флексибилен екран. Во комбинација со флексибилното стакло, за идните уреди само имагинацијата е граница.

 

5.,,Starlite”

Ова е пластика која може да издржи екстремни температури, дури и оние кои можат да предизвикаат нуклеарна експлозија.Иако овој материјал е познат повеќе од две децении, до сега сеуште не е комерцијализиран.Причината за тоа е што нејзиниот пронаоѓач Морис Вард, не даваше дозвола за користење, стравувајки дека дека неговиот изум ќе биде украден.

 

6.Наноцелулоза

Кога ќе се поигра со хемиска структура на целулоза, се добива наноцелулоза, еден од најсилните познати материјали.Лесен е, спроведува електрицитет, а ако се помеша со графит може да се изработат флексибилни батерии.

 

7.Метална пена

Метална пена(metal foam)е метален материјал исполнет во дупките во кој се наоѓа плин. Истовремено цврст и лесен, овој материјал е идеален за во медицината за изработка на вештачки коски и зглобови, како и во градежништвото каде овозможува одлична звучна и топлинска изолација.

 

8.Биопластика

Иако биопластиката веќе долго е со нас, сеуште не влегла во масовна употреба.За разлика од обичната пластика која се произведува од фосилни горива и не е разградлива, биопластиката доаѓа од природни извори како што се растителни масла и целулоза, а тоа го поскапува нејзиното производство.

 

9.Наноточки

Еден од најголемите проблеми со денешните соларни панели е нивната неефикасност. Искористеноста од 20 отсто се смета за добра. Истражувачите од Универзитетот  Стенфорд веруваат дека наноточките можат да овозможат да се направат многу тенки и поефикасни соларни панели.

 

10.Електронска кожа

Можеби и најимпресивна нова технологија е елктричната кожа(e-skin), изум на инженерите од Баркли.Тоа е тенок слој кој содржи мали транзистори и сензори за притисок.Оваа кожа е исклучително прилагодива и може да се аплицира на било каква површина.Примената има огромен потенцијал, од аплицирање во автомобилите  како би биле осетливи на допир, па до изработка на роботи кои ќе можат да детектираат различни нивоа на контакт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП