среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа група на луѓе треба да јаде кикирики што повеќе: Воопшто не...

Оваа група на луѓе треба да јаде кикирики што повеќе: Воопшто не содржат холестерол!

Кикириките се исклучително богати со многу есенцијални нутриенти, протеини, квалитетни масти, минерали и витамини.

Кикириките се многу калорична намирница, но се многу квалитетни и здрави. Затоа јадете кикирики често, но во умерени количини (шака излупени кикирики или 30-50 грама).

Кикириките се исклучително богати со многу есенцијални нутриенти, протеини, квалитетни масти, минерали и витамини. 100 грама кикирики имаат околу 570 калории. Во тие 100 грама има околу 26 грама протеини, што во однос на останатите јаткасти плодови е повеќе. Како и останатото јаткасто овошје, кикириките се ценети поради своите масти, а на 100 грама има околу 49 грама. Пола од вкупните масти се монозаситени (24-25 грама), а полинезаситени масти има околу 15 грама. И двете групи на масти се многу важни за организмот и здравјето, а монозаситените се највалитетните кои се наоѓаат во храната. Кикириките не содржат холестерол. Јаглени хидрати има околу 16 грама, па се совршена храна за вечерни грицки.

Кикириките се богати со калиум, магнезиум, фосфор, калциум, бакар, како и натриум. Сите тие се минерали, есенцијални за организмот, бидејќи се составен дел од електролитите.

Електролитите имаат улога во регенерацијата на течностите во организмот и крвта, и играат голема улога во функцијата на мускулите и нервниот систем. Кикириките се одлична намирница за дополнување на залихите од загубените минерали. Содржат железо и цинк, кои кај повеќето овошја се дефицитарни.

Од витамините, кикириките се богати со ниацин (витамин Б3), фолати, како и витаминот Е. Поради вредноста на фолатите им се препорачуваат и на трудниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи