петок, јануари 21, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2021 година вкупниот промет изнесувал 2.800.255.297 денари и е зголемен за 162,43 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 696.376.220 денари и е зголемено во однос на јули за 44,08 отсто кога изнесувало 483.320.024 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 472.571.156 денари и обврзници во вредност од 223.805.0649 денари.

Блок трансакциите во август изнесувале 2.097.481.077 денари и се зголемени за 259,34 отсто во однос на јули.

Бројот на трансакции во август изнесувал 2.038 и е зголемен за 54,39 отсто во однос на јули кога изнесувал 1.320.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за август 2021 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП