19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто нафтата поевтини

Зошто нафтата поевтини

nafta1

Тоа се случи поради тоа што не е јасно какви ќе бидат новите показатели за состојбата во економијата во Еврозоната, која е веќе повеќе од една година во рецесија.

Американската нафта за брза испорака со потекло од Тексас,  поевтини на њујоршката берза за 63 центи до 106,20 долари за барел, додека нафтата со договори за продажба на подолги рокови по цена од 106,83 долари, што е 72 центи повисока отколку на крајот на претходниот работен ден.

На другата голема берза во Лондон, котацијата на нафта за брза испорака се намали за 67 центи до 107,81 долар за барел, пишува АП.

Релативно силниот долар во моментов “работи” против зголемувањето на цената на нафтата, велат берзанските работници во Њујорк, истакнувајќи дека трговијата со нафта со договори станува “помалку атрактивна, кога американската валута зајакнува во однос на конкурентните валути.”

Во првиот дел од оваа недела, доларот зајакна во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франак, а во иста насока се движат и девизниот курс на Австралија и Канада – двете земји кои се значајни извозници на суровини – според Мајкл Хјусон, стручњак на компанијата CMC Market.

Најновиот извештај за состојбата на американската економија, покажува дека американската  продажба на мало во јули била малку пожива, додека истовремено германскиот институт ZEW објави податоци за растењето на довербата на инвеститорите во најсилната европска економија во текот на август.

Таквиот извештај на познатиот германски економски институт, според некои нафтени трговци е вовед во подобрувањето на бизнис климата во склоп на 17 – члената еврозона, која уште на почетокот од минатата година “потона” во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП