5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го потврди рејтнигот на Русија на ВВВ

Fitch го потврди рејтнигот на Русија на ВВВ

rusija

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ го потврди суверениот рејтинг на Русија на ниво „BBB“ со стабилна прогноза.

Аналитичарите на агенцијата сметаат дека предност на Русија е нискиот јавен долг од 10.4 проценти од бруто домашниот производ (BDP) за 2012-та година, како и суфицитот на тековната сметка.

Истовремено „Fitch“  укажува дека економскиот раст забавува. Според мислењето на агенцијата, оваа година тој нема да надмине два проценти. Покрај тоа, структурните реформи се спроведуваат бавно.

Во агенцијата очекуваат раст на економската активност во втората половина на 2013-та година, а во 2014-2015 економската активност може да порасне до три проценти, што е малку пониско од пред кризата.

Краткорочниот рејтинг е задржан на ниво „F3“, a најдобриот рејтинг за земјата е „BBB+“.

Русија има силни индикатори за суверени и надворешни биланси. Меѓународните резерви на Централната банка на Русија се повеќе од 500 милијарди долари (24 проценти од BDP), суверените фондови (Фондот на резерви и Националниот фонд за социјална помош) во јуни имаа 171 милијарди долари со кои се обезбедува заштита од надворешни шокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП