20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5-те добри страни на компирот

5-те добри страни на компирот

Освен што заситува, компирот е одличен извор на влакна кои ги поттикнуваат органите за варење, богат е со калиум, витамини Ц и Б, како и манган, а не дебелее ако се јаде без дополнителни масти.

Го намалува притисокот

Компирот често неправедно се исфрла од менито бидејќи наводно дебелее, но компирот не дебелее ако го јадете без калориски додатоци – како кашкавал, павлака или сирење. Оваа намирница е одличен извор на калиум, а само еден компир содржи четири пати повеќе калиум од бананите. Калиумот е клучен за хидратација на телото и помага при намалување на крвниот притисок.

Го поттикнува варењето и заситува

Компирот е богат со влакна, а особено е корисен ако го јадете печен во рерна и со лушпа. Еден компир содржи околу седум грама влакна, и поради тоа јадењата со компир ве прават сити подолго време, но и го поттикнуваат варењето. Јадењето компир го намалува ризикот од срцев удар и зголемен холестерол.

Содржи витамин Ц

Во кората на компирот се наоѓа сосема солидна количина на витамин Ц, околу 29 мг во еден поголем компир, што е половина од дневните потреби. Поради тоа компирот треба да се јаде за зголемување на имунитетот, но и како помош за побрзо зараснување на рани.

Компирот ги штити коските

Компирот содржи манган, кој игра важна улога во обработката на протеините, јаглехидратите и холестеролот. Тој е вклучен и во изградбата на коски и штити од остеопороза, а еден поголем компир содржи 33 проценти од дневната препорачана доза на манган.

Богат со витамин Б6

Компирот содржи витамин Б6, кој има значајна улога во здравјето на кардиоваскуларниот систем, варењето и имунитетот, изградбата на мускули, и состојбата со нервите. Еден компир содржи дури 46 проценти од дневната препорачана доза за овој потребен витамин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП